Макар да е прекажувана и повторувана илјада пати по социјалните мрежи, приказната дека Димитар Димитров го проколнал синот со зборовите “раката да му се исуши“ останува да биде само една обична измислица, и ништо повеќе од тоа.
Самиот Димитров, не така одамна, објави решителен демант на dw.com.
Семејството Димитрови има своја јасна линија по националното прашање. Димитар Димитров, во својот напис за Deutsche Welle, ни дава кристално чиста слика за тоа. Со негови зборови:
- – “Преспанскиот договор е златен клуч што ја отвора вратата за иднината“
- – “Оценката на Преспанскиот договор како национално предавство произлегува од дефицит на знаење и суфицит на политички волунтаризам“
- – “Идентификацијата со античките Македонци е вулгаризација на политиката со локално знаење, кое не кореспондира со светската наука“
- – “Преспанскиот договор е „предавство“ на тој псевдоидентитет кој историјата ја заменува со мит“
- – “Преспанскиот договор е лакмус за елементарно разбирање на историјата“
- – “За објективни и компетентни набљудувачи, договорот претставува ретко досеглив политички и цивилизациски врв.“
Следејќи ги неговите мисли, неизбежно доаѓаме до прашањето: Ако македонскиот национален идентитет, досега бил “псевдоидентитет“ и производ на “инфантилен генетички инженеринг“,
тогаш кој е, и каков е, според Димитар Димитров, вистинскиот наш идентитет?
Во својата книга “Името и умот“ (1999),

… Димитар Димитров е прецизен:
“Ние, македонската нација, сума и актуелен чин од таа драма, немаме причина да се срамиме од себе, од дванаесетвековната етнобиографија под номиналната ознака Бугари“
“Срамот и припаѓа на Европа, во прв ред на Русија, Англија, Франција, Австро-Унгарија; на Србија и Грција затоа, што еден народ, кој се одржал половина милениум под турското политичко ропство и уште толку, дури и повеќе под грчката духовна доминација, го раскасапија поради сопствени егоистички стратегии, на дел од него му инектирајќи му го грчкиот и српскиот шовинизам, „воспитувајќи“ го да си замрази името и родот“.
Искрена, неверојатно силна, е емотивноста со која Димитар Димитров ја исповеда својата горчина и жал за раскинатото тело на она што тој го нарекува “еден народ“.

Катарзата на Димитар Димитров е отворена и силна;
Но, истото не се однесува и за неговиот син, Никола Димитров.
Ликот му е само маска. Одглумена и неискрена насмевка.

Без никакви обѕири за оние на кои им нанесува штета,
… во состојба е да каже лага без окото да му трепне.

Методично, ладнокрвно и без да се оптоварува со некаква грижа на совеста, Синот Димитров ја извршува задачата која му е доделена. Обезглавувањето на македонскиот идентитет. Идентитет кој таткото Димитров го нарекува “псевдоидентитет“. Идентитет кој за таткото Димитров е извор на толкава душевна болка.
Таткото му е бескрајно благодарен на синот.
Запамтете, никогаш не рекол “раката да му се исуши“.
Обратно е. Она што навистина го рекол Димитар Димитров е:
Да е благословена раката која го потпиша Преспанскиот договор. Договор, кој е златен клуч за иднината. Договор, кој не ослободува од лажниот македонски идентитет. Договор, кој ни го отвора патот кон вистинско самосознание.
Така зборуваше Димитар Димитров.
Останува едно прашање за кое треба да најдеме одговор.
Семејството Димитрови, и таткото и синот, имаат несфатливо голема моќ во политичкиот живот на Македонија, од 1991 до денес. Надпартиска и наддржавна моќ. Единствен кој може да се мери со нив е Али Ахмети. И, макар да и таткото Димитров, и синот Димитров, зенитот на својата моќ го имаат доживеано преку ВМРО-ДПМНЕ, за нив постојано биле резервирани места и функции недостижни за обичен човек, секогаш и во секој момент. Без разлика која политичка партија формално ја има власта.

Без претензии дека ова би било конечна вистина, насоката кадешто треба да се бара одговорот јас би ја барал во времето околу Првата светска војна, кога Вудроу Вилсон на париската мировна конференција барал разбирање и поблаг третман за поразената Бугарија. Но, во тој момент Европските сили се сметале себе си за посилни од САД и со сета своја арогантност и надменост го игнорирале хуманизмот на американскиот претседател. Казната што и ја изрекле на Бугарија била драконска и жестока.
Денес, кога европските држави се само подопашници на Америка, состојбата е сосема поинаква.
Сосема е можно, во игра повторно да е предлогот со кој во 1915 на Бугарија и било нуден источниот дел од Вардарска Македонија како награда за нивната неутралност во војната. Сосема е можно, надворешната сила која им диктира на домашните политичари кој профил на кадар е неопходно да биде на вакви важни места, да се раководи токму од истите планови за рехабилитција на Бугарија.
Дека таткото Димитров е свесен за таа игра, сведочи неговата изјава од пред дваесетина години:
Мозаикот се склопува ако знаеме со каква преданост синот Димитров денес ги одработува своите задачи кои не водат во таа насока.
Ќе успее ли нивната бескрајна злоба навистина да не победи?