На Духовден 2022

Уметноста на војувањето

Теоретските основи на доктрината  Shock and awe се разработени за потребите на армијата на САД, на високообразовната институција NDI. Во основа, стратегијата “шок и ужас“ се состои во демонстрирање на несразмерно поголема сила, со цел за да се деморализира непријателот и да му се парализира способност за одбрана.

Методот на “шок и ужас“ беше со успех применет во воените операции во Ирак и Југославија. Но, освен во борбените дејства, истиот метод има примена и во психолошката војна (PSYOPS).

Како тоа не засега нас

Операцијата “демонтирање на македонската нација“ е процес за кој со полно право можеше да се очекува значителен отпор. Поради тоа, шок терапијата, макар минимална во споредба со Ирак и Југославија, сепак ја примивме во неколку дози. Атентатот на Глигоров, масакрите кај Карпалак, Вејце, и Смилковско ни се очигледни примери.

Но, во овој текст сакам да се осврнам на другата страна, на психолошките методи.

Првиот пример на шокантната бруталност со која насилнички ни беа натурени “европските цивилизациски вредности“ го имавме во октомври 2018, кога македонскиот Парламент беше претворен во

Сточен пазар на пратеници
Напомена:Сликата е од сосема поинаков историски контекст. Продавачот, трговците со робови и луѓето што се на продажба, НЕ СЕ народните избраници во македонскиот парламент.

Не само исходот од гласањето, туку и медиумските приказни за суми од “милион евра по пратеник“, отсуството на било каков организиран отпор, отсуството на било каква морална осуда, сето заедно беше вистински шок за мнозинството од нас. Реакциите беа типични: неверување, збунетост, дезориентираност. “Како е ова можно? Што сега? Како да се пребориме со вакви нискости?“

Медицината вели дека шокот е нормална одбранбена реакција на организмот кога сме соочени со сериозна закана или опасност. Конфузијата, дезориентираноста и намалувањето на способноста за свесно реагирање се типични симптоми кога некој е во состојба на шок.

Логично е размислувањето: Ако шок терапијата беше делотворна при бришењето на националниот идентитет, зошто не би била делотворна и за црквата?

Ако ко сме свесни за овој факт, лесно ќе ни биде да ја разбереме веригата од сензационални настани што, по некој случај, ги имаме токму сега, токму во овие денови.

Мрачната страна на окултните ритуали

… им е многу важна на сценаристите на денешните настани.

Точно знаат што прават, и точно знаат зошто го прават тоа. Бомбардирањето на Србија е започнато на ден Прочка, убиството во Смилковско на Велики Четврток, Садам е обесен на Еид ал Ада,

а егзекуцијата на името Македонска Православна Црква е предвидена да се изврши на христијанскиот празник Педесетница. Денот кога, според преданието, Светиот Дух слегува врз апостолите и Христовите следбеници.

ДЕНОТ КОГА Е РОДЕНА ХРИСТИЈАНСКАТА ЦРКВА ДА БИДЕ И ДЕН НА ЕГЗЕКУЦИЈА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА.

За да може да помине еден ваков чин, медиумската лавина од лажни вести и сензации, судските закани и уцени мора да бидат на исто рамниште со оние од 2018.

Но, нивниот проблем е сепак поголем одошто на прв поглед изгледа.

Шок терапијата дезориентира и онеспособува. Но, нормален, здрав организам, за многу кусо време се враќа во нормална состојба. А тоа значи времето на надмоќ на напаѓачот е строго ограничено.

Суштината на битката е: да останеме свесни. Борбата против ванчомихајловизмот и грабежот на партиските имоти се возбудливи теми, ама ги оставам за подоцна. Директниот и убиствен удар денес ни доаѓа од Фанар. Нема да го тргнам погледот на страна, кадешто сакаат да ме намамат. Мирно, без возбудување, го чекам документот од Истанбул и им ставам на знаење: овојпат нема да можат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to Top