Нобелова награда за злоба

Приказната за татковата клетва е лага.

Макар да е прекажувана и повторувана илјада пати по социјалните мрежи, приказната дека Димитар Димитров го проколнал синот со зборовите “раката да му се исуши“ не е, и не може да биде ништо повеќе од тоа што е – една обична измислица. Самиот Димитров, не така одамна, објави решителен демант на dw.com.

Семејството Димитрови има своја јасна линија по националното прашање. Димитар Димитров, во својот напис за Deutsche Welle, ни дава кристално чиста слика за тоа. Со негови зборови:

“Преспанскиот договор е златен клуч што ја отвора вратата за иднината“

“Оценката на Преспанскиот договор како национално предавство произлегува од дефицит на знаење и суфицит на политички волунтаризам“

“Идентификацијата со античките Македонци е вулгаризација на политиката со локално знаење, кое не кореспондира со светската наука“

“Преспанскиот договор е „предавство“ на тој псевдоидентитет кој историјата ја заменува со мит“

“Преспанскиот договор е лакмус за елементарно разбирање на историјата“

“За објективни и компетентни набљудувачи, договорот претставува ретко досеглив политички и цивилизациски врв.“

Следејќи ги неговите мисли, неизбежно доаѓаме до прашањето: Ако македонскиот национален идентитет, онаков каков што бил пред Преспанскиот, е “псевдоидентитет“ и производ на “инфантилен генетички инженеринг“,

тогаш кој е, и каков е, според Димитар Димитров, вистинскиот наш идентитет, оној што не е во колизија со светската наука?

Одговорот го има напишано уште многу одамна

Во својата книга “Името и умот“ (1999), Димитар Димитров е прецизен:

“Да, најголемо зло за Македонците беше тоа што беа Бугари, а што Европа, преку Грција и Србија, не им дозволи да продолжат бидат.“

“Ние, македонската нација, сума и актуелен чин од таа драма, немаме причина да се срамиме од себе, од дванаесетвековната етнобиографија под номиналната ознака Бугари“

“Срамот и припаѓа на Европа, во прв ред на Русија, Англија, Франција, Австро-Унгарија; на Србија и Грција затоа, што еден народ, кој се одржал половина милениум под турското политичко ропство и уште толку, дури и повеќе под грчката духовна доминација, го раскасапија поради сопствени егоистички стратегии, на дел од него му инектирајќи му го грчкиот и српскиот шовинизам, „воспитувајќи“ го да си замрази името и родот“.

Искрена, неверојатно силна, е емотивноста со која Димитар Димитров ја исповеда својата горчина и жал за раскинатото тело на она што го нарекува “еден народ“:

“Како да побегнеш од злото, кое го претставува твоето сопствено битие, ти самиот?“

Заради тоа, јасно е да се разбере, дека преспанското разградување на она што тој го нарекува “македонски псевдоидентитет“, за Димитров е колосално олеснение, ослободување од мачнината што те растргнува додека го мразиш бугарското во тебе. Златен клуч кон иднината, пат кон вистинско себепознавање.

Катарзата на Димитар Димитров е отворена и силна; но истото не се однесува и за неговиот син, Никола Димитров. Кај него

Емоциите се само глума и театар

Синот Димитров методично, ладнокрвно и без да се оптоварува со некаква грижа на совеста, ја извршува операцијата за обезглавување на оној “псевдоидентитет“ кој е извор на толкава душевна болка за таткото Димитров.

Ликот му е маска на одглумена насмевка. Нема искреност во него.

Во состојба е да каже лага без окото да му трепне. Кај него нема никакви обѕири за оние на кои им нанесува штета.

За крај

Останува едно прашање за кое треба да најдеме одговор.

Семејството Димитрови, и таткото и синот, имаат несфатливо голема моќ во политичкиот живот на Македонија, од 1991 до денес. Надпартиска и наддржавна моќ. Единствен кој може да се мери со нив е Али Ахмети. И, макар да и таткото Димитров, и синот Димитров, зенитот на својата моќ го имаат доживеано преку ВМРО-ДПМНЕ, за нив биле резервирани места места и функции недостижни за обичен човек, секогаш и во секој момент. Без разлика која политичка партија формално ја има власта.

Откаде им е на Димитрови оваа моќ?

Без претензии дека ова би било конечна вистина, насоката кадешто треба да се бара одговорот јас би ја барал во времето околу Првата светска војна, кога Вудроу Вилсон на париската мировна конференција барал разбирање и поблаг третман за поразената Бугарија. Но, во тој момент Европските сили се сметале себе си за посилни од САД и со сета своја арогантност и надменост го игнорирале хуманизмот на американскиот претседател. Казната што и ја изрекле на Бугарија била драконска и жестока.

Денес, кога европските држави се само подопашници на Америка, состојбата е сосема поинаква.

Сосема е можно, во игра повторно да е предлогот со кој во 1915 на Бугарија и било нуден источниот дел од Вардарска Македонија како награда за нивната неутралност во војната.

Дека таткото Димитров е свесен за таа игра, сведочи неговата изјава од пред дваесетина години:

“Ако дојде до поделба на македонската Република, Бугарија го задржува правото на свој дел од неа, кога веќе не може да ја вклучи целата во рамките на своите граници.“

Мозаикот се склопува ако знаеме со каква преданост синот Димитров денес ги одработува своите задачи кои водат кон предвидената поделба.

Ќе успее ли нивната бескрајна злоба навистина да не победи?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top