25.јануари 2019

Во исклучително напната и конфликтна, речиси воена атмосфера,со протести и судири на улиците, грчкиот парламент го ратифицира договорот од Преспа.
Во жестоката парламентарна расправа која му претходеше на гласањето, маркантно место имаше настапот на премиерот Ципрас. Во грчките медиуми неговиот говор беше оценет како “историски“.
Македонските медиуми пак, здружено, како по договор, ја премолчеа и ја игнорираа суштината на реченото од Ципрас. Место информација и факти, на јавноста и беше сервирана изместена слика: битното и суштинското сокриени во мрак, а фокусот на вниманието насочен кон само на еден мал дел, каде што Ципрас ги спомнува граѓанската војна, бегалците, и Мирка Гинова.
Извадени од контекст,
овие негови зборови се интерпертирани како промена во грчкиот став и како нов однос кон нас. Но, смисолот е сосема поинаков.
Што навистина рече Ципрас?

Неговиот говор беше, пред се, беспоштедна пресметка со лицемерието на грчката опозиција. Точка по точка, Ципрас дава конкретни и прецизни податоци за сите нивни минати преговори, обиди и предлози за решение. Ги разобличува двојните стандарди на Неа Демократија и ПАСОК. Аргументирано им докажува дека со договорот од Преспа се постигнати сите централни нешта што и двете партии уште многу, многу одамна ги имаат поставено како своја “црвена линија”, но никогаш не успеале да ги добијат.
Со доста цинизам и без никаква милост, Ципрас удира по дволичноста на грчките партии кои, додека се во опозиција, глумат запалени националисти – а се однесуваат сосема поинаку кога се на власт. Трезвено и со факти, ги потсетува дека клучното барање на нивниот сегашен отпор и протести – да не се допушти зборот Македонија ниту во сложено име – тие самите никогаш не го имаат применето додека биле на власт. Ниту една грчка влада. Дека тој став бил актуелен само како алатка за потхранување на фантазиите во моментите на, како што вели, “националистичко лудило“, а реалноста била секогаш малку поинаква.
Десертот за крај: пресметката со грчките комунисти.

Комунистичката партија, со свои 15 пратеници во парламентот, има забележливо место во политичкиот живот на Грција. Каков е денес нивниот став кон договорот од Преспа?
Макар да велат дека овој договор, “наметнат со поткуп и уцени и во двете држави”, нема да реши никаков проблем меѓу двете земји, а ќе биде од корист “само за воинствените планови на НАТО, за империјализмот на САД, и за грабежот на крупниот капитал во регионот“, сепак, решението на проблемот го гледаат – ни помалку ни повеќе, туку во
Декларацијата на КПГ можете да ја прочитате тука.
Но, нивниот однос кон македонскот прашање не бил секогаш ваков. Комунистичката партија на Грција има долга историја, богата со документи и податоци за поинаквите идеи од кои се воделе во минатото:
Долг е патот на ретроградната еволуција на свеста на КПГ, од некогашното признавање, до денешниот уплав од постоењето на македонска нација. И токму оваа нивна недоследност, оваа нивна противречност и болна точка, беше избрана како неодбранлива цел кон која ќе биде насочен завршниот удар во грижливо срочениот говор на Ципрас.
Врвот на својата говорничка вештина, цинизам, итрина, демагогија и духовитост, Ципрас ги насочува кон тоа да исцрта јасна слика за апсурдот и гротескноста во кои се зацапани грчките комунисти, кои, во овој момент,
застанати на иста страна од барикадите со крајната десница, со оние што самите ги нарекуваат “криминалната Златна Зора, политички наследници на нацизмот”,

… делуваат малку дезориентирано.
Комунистите се збунети, но Ципрас не е луд.
Обраќањето кон нив го започнува со една силна метафора: го споредува сегашниот момент од постоењето на КПГ со крајот од животот. Им држи парастос во буквална смисла на зборот: сурово и без тронка милост, им посочува дека, во моментот на заминувањето, погледот назад кон изминатиот животен пат не е само вообичаено оддавање почест, туку и соочување со судот за своите дела, суд на совеста од кој никој не може да избега:
Има ли воопшто некаков смисол, има ли било каква логика, да се трудиме во цинизмот на Ципрас да пронаоѓаме некаков “пресврт во грчкиот став по македонското прашање“, како што тоа беше протолкувано во хорот контролирани македонски медиуми?
Многу тешко, речиси невозможно. Ципрас е јасен и недвосмислен.
“Признавање на македонски народ“ не му е ни на крајот од умот и воопшто не се оптоварува со такво нешто. Но, тоа е друга тема.
А што да правиме со македонските медиуми?
Од прв до последен, известувањата им беа по еден ист калап: ниту збор за суштината на договорот од Преспа, која Ципрас во детали ја објаснува во својот говор. Единствена пренесена информација е ругањето со комунистите, но извадено од контекст, зачинето со емотивен набој, и прикажано како нешто што не е:
… а дел од нив отворено лажат и измислуваат зборови што наводно ги рекол Ципрас:
И сега што? Кому да му веруваме, на Ципрас, или на македонските медиуми? Мислам дека дискусијата по ова прашање завршува во оној момент, кога ќе го прочитате говорот на Ципрас.
За крај, збор-два и знаменосците кои, од самиот почеток па до денес, се на чело на колоната, и го развеваат интелектуалниот барјак на македонската национална лоботомија. Креативноста со која ги китат и дотеруваат трчи-лажи приказните објавени во македонските медиуми, и од тој материјал и си прават емотивно набиени филмови, во кои Ципрас е месија-спасител, секс-симбол и историска личност рамна на Кенеди, Линколн или Тито – е просто неверојатна:
Вреди ли да се прашуваме, што сакаат да постигнат со овие небулози? Дали сакаат да ја потврдат нацистичката доктрина за инфериорност на словенската раса, со тоа што сведочат дека врвните мозоци од (сега веќе демонтираната) македонска нација немаат капацитет да одговорат дури и на така просто прашање како што е – која река тече под мостот на Вардар? Или пак по навика, самобендисано и арогантно ја потценуваат интелигенцијата на своите читатели?
Што и да е, не вреди да се губи многу време со ниту еден од нив.