Што да се прави?
На кој начин да се бориме против неправдата? Како да им се спротивставиме на оние што ни ја одземаат слободата? Барањето одговор на овие суштински прашања било актуелна тема откога постои човештовото.
Кога едно вакво вакво прашање стигнало до него од тогашната британска колонија Индија, Лав Николаевич Толстој не губел време. Ги засукал ракавите, и напишал одговор кој по својата суштина е бескрајно едноставен, но воедно, како и повеќето дела создадени од него, со прецизноста на аргументите и со силината на неговиот израз, со својата величественост, генијалност и хуманост ги надминува границите на било кое време или било кој народ.
Работата врз текстот “Писмо до еден Индус“ Толстој ја заршил на 14.декември 1908 година. Текстот потоа бил преведен на англиски и објавен во списанието Free Hindustan. Уредник и издавач на ова списание бил Тарак Нат Дас, индиски активист кој се залагал за ослободување на Индија од британската колонијална власт.
Во текот на 1908, Тарак Нат Дас на два пати му се обратил со писмо до Толстој. Толстој бил личност почитувана во светски размери. Тарак Дас од него барал поддршка за идејата независност на Индија.
Одговорот на Толстој
… бил без ракавици, без непотребна куртоазија, директно во сржта:
Кои се причините за ова?
Толстој повторно е без влакна на јазикот:
Толстој не е ситна душа која, повикувајќи се на религијата, сака да ги одвлече луѓето назад во Средниот век. Неговото разбирање за религијата е поинакво. Потребно е разумно учење, кое, не само што би им го објаснувало на луѓето смисолот на нивното постоење, туку и би го определило и највисокиот закон според кој ќе се раководат нивните постапки, како алтернатива на повеќе од сомнителните поставки на лажните идеологии и на неморалните изводи што произлегуваат од нив, а се нарекуваат цивилизација.
Каде е излезот?
Кога зборува за индиската морално-религиозна традиција, Толстој не зборува напамет. Им кажува на своите индиски пријатели дека одговорот што го бараат уште многу одамна е запишан во нивните свети книги:
Премногу би било тука да навлегуваме во тоа како Толстој го разработил принципот на љубовта во духовно-религиозен смисол. Оние што сакаат, текстот на “Писмото до еден Индус“ на интернет може да се најде и во англиски превод, и во оригинал на руски.
Она што е битно, тоа е пораката која, колку што им била важна на Индијците пред 100 години, уште поголемо значење има за нас, денес:
Искра од која е запален огнот
Човек кој до крај ја разбрал длабочината и грандиозноста на кажаното од Толстој бил Ганди. Не само што го прифатил со се срце, туку умеел да им го прераскаже на милионите свои сограѓани на начин на кој секој од нив можее да го разбере. Нашол и начин како реченото од Толстој да го примени во пракса. Ја сменил историјата.
Но, Ганди заслужува посебна тема. Наскоро ќе пишувам и за него.
