Ова потсетување на ужасните страдања низ кои имаат поминато луѓето од Ленинград во Втората светска војна му е посветено на Сашо Орданоски, но не само нему, туку и на сите останати современи вљубеници во нацистичката идеологија за “повисока“ и “подолна“ раса, како и на се погласните и побројни приврзаници на правото на силата и на правото на посилниот да одземе се, сегде кадешто може.

(Цитирано од книгата: The War Within – Diaries from the Siege of Leningrad, Алексис Пери)
Опсадата на Ленинград (8.септември 1941 – 27.јануари 1944), по бројот на жртвите и по разурнувањата, е една од најголемите во историјата на човештвото. По стравотиите и тежината на неподносливите состојби тешко е да се спореди со било што друго. Во текот на 872 дена снабдувањето на градот со храна, електрична енергија, вода и гориво било прекинато. Жителите страдале од прегладнетост, студ и болести. Најтешка била зимата 1942, кога од глад и измрзнатост умирале по 100 000 луѓе месечно. За жителите на Ленинград смртта на улиците била секојдневна глетка
Хероизмот со кој Ленинград успеал да ја преживее својата голгота има достојно место и е опишан со пиетет во светската историја. Но, она за кое малку се зборува, нешто што долго време било сокриено во архивите, е една друга страна на битката.
Опсадата на Ленинград не била настан кој едноставно “се случил“ затоа што таква била воената среќа. Смртта на повеќе од 1,500 000 луѓе, во најголем дел со со прегладнување, истоштеност и болести, а потоа и со бомбардирање, била дел од еден прецизно разработен план на нацистичка Германија.
Се работи за таканаречениот Generalplan Ost (генерален план за истокот). Со овој план било предвидено земјите од централна и источна Европа да станат дел од Третиот Рајх, словенското население да биде делумно депортирано, делумно уништено, а огромната територија од Полска до Урал да биде постепено колонизирана и населена со Германци.

Генералниот план за истокот бил заснован врз нацистичката доктрина за супериорност на ариевската раса. Била разработена класификација на европските народи според карактеристиките на нивната раса. На врвот се Германците кои се се најчисти претставници на ариевската раса, која, по своите исклучителни биолошки квалитети, има природно право да владее со сите останати. На дното се Словените, кои, заедно со Евреите и Ромите биле сметани за неариевска субхумана раса (Untermenschen, “подолно од човек“). Во средината меѓу нив се останатите европски народи, северните на повисока скала од јужните.
Во плановите за ширење на Третиот Рајх, поединците од расата опишана како Untermensch требало да бидат лишени од своите права, да бидат третирани како животни, да се смета дека располагаат со Lebensunwertes Leben (живот што не вреди да се живее), и дека единствено што може да се прави со нив е да бидат поробени или уништени.
Уште во 1925, Адолф Хитлер, во своето капитално дело Mein Kampf, го втемелил прашањето за животен простор (Lebensraum) како идеолошки принцип на нацизмот. Потребата за животен простор е доволна причина и оправдување за да се отпочне војна чија цел би било територијалното ширење на Германија. Логичен правец на ова проширување бил истокот. Според Хитлер, нациите на запад и на југ од Германија биле со раса слична на германската; единствено на исток егзистирала пониска и понеспособна раса која е згора на тоа и осакатена од комунизмот. Хитлер на словените гледал како на маса неспособна да владее сама со себе, а болшевизмот го сметал за еврејска окупација на Русија. За него тоа било неповторлива прилика која и пружа на Германија можност да се прошири на исток:
Со својот указ “За зацврстување на германската нација“ од 7.октомври 1939, Хитлер му ги доделил сите овластувања за спроведување на планот за истокот на командантот на СС, Хајнрих Химлер. Негова задача била да подготви оперативен план за кој ќе се оствари правото на германската ариевска раса да го елиминира домородното население од подолна раса и на тој начин да се стекне со потребниот животен простор.

Во јули 1940, Химлер му ја доставил на фирерот првата верзија на генералниот план за истокот. Со овој документ се предвидувало во текот на наредните 25-30 години да биде депортирано или уништено 80-85% од населението на Полска, 85% од Литванија, 65% од Западна Украина, 75% од Белорусија, и по 50% од жителите на Латвија, Естонија и Чешка.
На просторот, предвиден за германска колонизација, живееле 45 милиони луѓе. Најмалку 31 милион од нив, првенствено “непожелните според расните показатели“ требало да бидат прогонети во Сибир. Подоцна, по разгромот на Советскиот Сојуз, на “ослободените“ територии требало да се преселат 840 000 Германци. “Источните простори за нас ќе бидат она, што за Англија беше Индија“ – пишувал Химлер.
Но за да се оживотвори она, што Хитлер уште во 1935 го сметал за неопходно, имено
… биле потребни конкретни чекори. Овие чекори се документирани и подробно опишани во указите на Хитлер, Вермахтот и СС:
- убивање на Евреите, комесарите на Црвената армија, фунционерите на државниот апарат и на партијата, претставниците на интелигенцијата и на секој за кој постои сомневање дека ќе се спротивстави
- прекин на снабдувањето со прехранбени продукти за Белорусија и поголемиот дел од северот на Русија, со цел да се предизвика милиони да узумрат од глад. Беспоштеден грабеж на плодородните земјоделски области.
- истоштување на воените заробеници со глад и неподносливи услови
- уништување на поголемите советски градови, во прв ред на Ленинград и Сталинград, како “расадници на болшевизмот“.
Жртвите на тој план, кој бил спроведуван со железна дисциплина и германска прецизност, се бројат со милиони. Причините поради кои бројот на жртви што ги има дадено Советскиот Сојуз и Полска во Втората светска војна е далеку, далеку поголем од било која друга земја, е токму во системот што бил применуван од страна на нацистите.
Според зборовите на чешкиот историчар Мирослав Карни,
“Овој план … ги претворил криминалните фатаморгани на Хитлер и Химлер во целосно разработен систем, обмислен до најситен детал, пресметан до последна цифра“
Нацистите му посветувале посебно внимание на односот кон Русија. Еден од авторите на Генералниот план, др Ветцел во едно свое известување за Химлер ја поставил тезата:

Едно прашање кое наизглед е невозможно да има разумен одговор, е тоа, на кој начин, од каде ја има најдено таа сила Русија, која била во голема мера уништена уште во првиот налет на технички и воено далеку надмоќниот противник, да воскресне од пепелот во кој е изгорена, од сопствените урнатини преку ноќ да изгради индустрија посилна од германската, и тукуречи до свои раце да ја извојува победата на Европа врз фашизмот?
Одговорот побргу ќе го најдеме кај спротивната страна. Исто како и САД во Виетнам, и Германија ја има потценето силата што ја има еден народ кога е соочен со прашањето дали понатаму ќе постои или не.
Победата врз фашизмот е голем настан во историјата на човештовото. Долги години изгледаше дека идеологијата на нацизмот е поразена еднаш засекогаш, да не се повтори. Но, дали е навистина така?
Теоријата за “повисоки“ и “подолни“ раси не била измислена од нацистите. Кај нив оваа теорија била издигната на ниво на државна идеологија; но во своето елементарно ниво, ја имало и на други места, во различни временски периоди. Ја има и денес, но поради непријатниот историски контекст, денешната идеологија е во прикриена и замаскирана форма: “Ние сме исклучителна нација“ (Обама), “НАТО и ЕУ се ексклузивен клуб“, итн. Повеќе пати во минатото, а и во денешниот момент, Македонија била и е изложена на на сета жестокот на третманот што “исклучителните“ го применуваат врз “пониските“ раси:
- Отприлика во истото време кога Хитлер го пишувал Mein Kampf, во 1925 година, во грчкиот дел од Македонија на дело е спроведено она што нацистите го планирале подоцна да биде направено во Русија. Насилно колонизирање на нов етнос проследен со репресија и насилна асимилација на домородното население.
- Во 1948-49, непосредно по падот на нацизмот, во грчкиот дел од Македонија на дело е спроведен планот за корнење на народот со непожелни расни показатели, делумно преку физичко елиминрање, делумно со прогонување преку граница
- Од 1999 навака, активно се работи на проширување на албанскиот Lebensraum на сметка на македонскиот.
- Од октомври 2017 па навака, жестоко се работи да бидеме конечно скршени како народ, да престанеме да бидеме нација
Сличностите со нацистичката идеологија се повеќе од очигледни.
Хитлер своевремено дал проценка дека владеачката класа на САД е од “тевтонски тип“, односно дека тоа е здрава германска раса која е доволно квалитетна за да овозможи државата да биде силна и да владее со другите. Денес САД во целост ја игра таа улога.
Хитлер ги сметал медитеранските народи (Шпанци, Италијани, Грци и Албанци) за гранка на ариевската раса која, макар да е на пониско ниво од германската, сепак е повисока од субхуманата словенска раса. Во сите судбоносни настани досега, американската воена сила, дипломатија и ресурси функционирале во корист на постепеното одземање на животниот простор од македонската словенска пониска раса во корист на грчката и албанската полуариевска раса.
Меѓу словенските народи, Хитлер ги издвоил Бугарите, Хрватите и Украинците како носители на расни елементи (на пример, делумно турска крв), кои не се чисто словенски. Од тие причини, и покрај тоа што нема високо мислење за нив, бил согласен да ги искористи овие држави во битката против субхуманата словенска раса. НАТО и Западот исто.
Конечно, Хитлер имал јасна концепција за различниот начин на кој треба да се војува и да се управува завојуваната територија. Релатвивно мек пристап и строги правила за цивилизиран однос на војниците во земјите од Западна Европа; брутална сила и детални инструкции за варварски однос кон локалното население за војниците на источниот фронт.
Кај нас дома во Македонија, Сашо Орданоски е еден од најистакнатите “јастреби“ на идеологијата за “повисока“ и “пониска“ раса, и тоа токму по теркот на германскиот модел од 1933-1945. Нема суштинска разлика меѓу реченото од Хитлер:
“тие нечисти народи треба да бидат изолирани во нивните кочини, а оној кој ќе рече дека треба да ги цвилизираме, да биде пратен во концентрационен логор“и она што го вели Сашо Орданоски за Македонија:
“општество што, и со идеите и со визиите, среќно си живее во 19-тиот век“
“никогаш нема да излеземе од гомната“
Во нацистичката хиерархија, грчката и албанската раса се на повисок степен од словенската. Сашо Орданоски ги дели истите убедувања. Разбира се, тоа не го кажува апла отворено како Химлер, туку, во духот на времето, политички коректно и замотано во “западните цивилизациски вредности“. Отпорот кон албанската експанзија го нарекува “македонски националистички недоветни траскања“, а грчката офанзива да бидеме укинати како нација ја опишува како “еманципирање на Македонците од своите историски трауми“.
Конечно, цело е кога има се. Кругот не би бил затворен без јасна, гласно искажана, безрезервна и длабоката омраза кон јадрото на словенската субхумана раса, Русија. Сашо Орданоски тука е во елемент, без никаква грешка или фалинка.:
“заканувачка сила“
“бескрупулозна пропаганда“
Со ваков “говор на љубов“, повеќе од сигурно е, би се чувствувал како свој на своето дури и да е во штабот на Клинтон!
Неговата неодамнешна колумна под наслов Ќе паднат ли неутралците на газ? е брилијантен пример како со едноставно изместување на тезите, идеологијата за “повисока“ и “пониска“ раса може да се спакува во светливиот целофан на “цивилизациските вредности“. Повод му е изјавата на американскиот амбасадор Кајл Скот, дека српската “неутралност“ меѓу НАТО и Русија не е можна, ако вредностите зад кои сака да застане едно општество и една државна заедница, се стават на прво место, пред интересите.
Малку циничнио е кога амбасадор на државата која, не така одамна, во име на “цивилизациските вредности“ ја има разурнато Србија со бомби, сега токму во Србија да држи лекции за истите тие “вредности“. Но да го оставиме тоа на страна; она што за нас е битно, дека за Сашо Орданоски, и не само за него, зборовите изречени од американскиот амбасадор имаат тежина на религиска догма. Наша задача е да кажаме каде е јадецот.

Во мај 2015, украинскиот претседател Петро Порошенко издаде указ со кој на Организацијата на Украинските Националисти (ОУН) и Украинската Повостаничка Армија (УПА) им се доделува стаус “херои на Украина“. За потсетување, ОУН и УПА се организации кои до неодамна беа сметани за соработници на нацистите.
И не само тоа. Две години подоцна, на 8.мај 2017, во чест на денот на победата и на 75-годишнината од формирањето на УПА, Порошенко отиде чекор понатаму. На твитер објави:
“Слава на борците на УПА и на сите учесници на национално ослободителните движења!“
“Слава на сите, кои ја бранеа Украина од агресијата на Третиот Рајх!”
Реакциите од Полска се повеќе од остри. Историчарот Богдан Пиентка ги оценил како “бескрупулозна измама“ тврдењата дека Украинската Повостаничка Армија војувала против нацистите. За прославата од 2017 рекол дека е “јубилеј-фалсификат“:
Битката меѓу модерниот украински поглед врз историјата, наспроти традициолното чествување во Полска и Русија, разголена до крај, е битка за она што се нарекува “цивилизациски вредности“.
Разликата меѓу Хрватска и Украина во Втората светска војна е во тоа што на Степан Бандера, водачот на Организацијата на Украинските Националисти, Германија му ја ускратила привилегијата да воспостави квислиншка државна власт по примерот на Анте Павелиќ во Хрватска; се друго е отприлика исто. Слоганот на хрватските усташи бил “за дом спремни“. Украинските националисти се поздравувале со “Украина е спремна“.
Препрочитувањето на историјата во современа Украина е отидено дотаму, што воздигањето на украинското неславно минато на пиедестал на хероизам се спроведува со државна принуда. Со спомнатиот закон од 2015, јавното искажување непочит кон Степан Бандера, ОУН или УПА е класифицирано како кривично дело.
Може да се замисли реакцијата во Полска и Русија, кадешто сеќавањето на Треблинка, Сталинград и Бухенвалд се сеуште живи и болни.
Полска има експресно одреагирано со противзакон: негирањето на злосторствата извршени од украинските националисти, негирањето на геноцидот во Волин, и пропагирањето на идејата на Степан Бандера, во Полска сега е кривично дело казниво со затвор до три години.

Тука е проблемот за Орданоски. На која страна сме ние? Ќе ја читаме историјата од руски или од украински книги?
Амбасадорот Скот е во право. Не е можно да дојдеме до јасен и недвосмислен одговор, без да имаме јасен и недвосмислен систем на вредности според кои ќе се раководиме. А, во случајот со Украина, системот на “западните вредности“ има вграден недостаток кој задолжително не води во ќорсокак.
Владимир Владимирович Путин на генијално едноставен начин, со една реченица го има формулирано парадоксот на “западните вредности“:
Ах, колку е во право “страшниот“ Путин!
Како да ја измериме Украина со еталонот на “западните вредности“? На прв поглед, либералниот Запад не би сакал да има ништо заедничко со ултрадесничарскиот национализам. Не е пријатно отворено да се искажува поддршка на фашизмот. Арно ама, бидејќи бандеровците се против Русија, мора да се прикажат како демократи. Па така, непријатното чувство од повторното будење на нацизмот може да се одбегне само на еден начин: ако тој податок целосно се премолчи. На Западот, никој не се осмелува да рече ниту збор за тоа. Ако некој ја отвори устата, ќе треба да ги проголта сите блуеници што борците на портокаловата револуција му ги имаат исплукано во лице.
Нема западни, источни, јужни или северни вредности, Сашо. Има само универзални хумани вредности кои се исти без разлика каде и да ги бараш. Во Новиот Завет, во Коранот, будизмот или хиндуизмот, каде и да е, се разликуваат само по начинот на кој се кажани. Ако го знаеш ова, и сепак тргнеш по географска одредница, ќе стигнеш таму кадешто не сакаш.
Затоа, наредниот пат кога ќе седнеш со намера да напишеш трактат за тоа дека субхуманата словенска раса со недоразвиени мозоци треба да биде прогонета од земјата која му припаѓа само на илирскиот народ, и да биде вратена во степите на Русија откадешто е дојдена, или пак дека лажната Македонија треба да биде уништена еднаш за секогаш, затоа што славната македонска историја и припаѓа само на ариевската елинска раса и на никој друг, имај на ум уште нешто.

На гранитниот ѕид крај споменикот во меморијалните гробишта Пискаревское во Санкт Петерсбург се запишани стиховите на поетесата Олга Берготс:
НИКОЈ НЕ Е ЗАБОРАВЕН И НИШТО НЕ Е ЗАБОРАВЕНО.
Никој не е заборавен, и ништо не е заборавено, Орданоски.
Не е заборавено дека британската поморска блокада во Првата светска војна била причина за смрт од глад на 750 000 луѓе во Германија. Не е заборавен ниту нацистичкиот Hungerplan за систематски грабеж на храната од Советскиот Сојуз. Ниту пак се заборавени затворените вентили од Липковското Езеро во 2001. Ниту грчкото ембарго од 1991. Ниту европскиот третман на Македонија како “гето“. Сето е дел од едни исти “вредности“.
Приказната за “онеправданиот илирски народ прогонуван од неправедните судови на клетите славомакедонци“ можеш да му ја продаваш некому кој не знае, не чул за командант Дураку. Приказната дека на Мајдан имало “протести за демократија“ со иконографија на Степан Бандера, можеш да му ја продадеш само на некој што не памти дека постоела војна против нацизмот. Приказната за “европскиот триумф на Монструмот од Муртино“ можеш да ја кажуваш и прераскажуваш само во виртуелниот простор на “слободните медиуми“ во кои секој напишан збор е строго контролиран. Можете да се лажете еден со друг, тој да се прави дека ти верува тебе, ти да глумиш дека му веруваш нему. Таму пак, кадешто е дозволено да се каже целата приказна, немате што да барате. Ниту ти, ниту тој.
Прими го поздравот од Владимир Владимирович: Никој од нас нема заборавено, ниту пак некогаш ќе заборавиме, дека во историјата се случил фашизмот. Но исто така, ни ти не смееш да заборавиш дека на крајот постои и Нирнберг. Прикочи малку. Ако, со намера да го изгасиш пламенот на сеќавањето, продолжиш и понатаму да го полеваш врз оганот ужегнатото масло на “западните вредности“, може да ти се случи ти да бидеш првиот што ќе се изгори.

П.С. Фотографија од насловот, “свеча памјати“, е дел од акцијата организирана во чест на сеќавањето на жртвите од опсадата на Ленинград.