Истражуваме, не препишуваме. Строго контролирано.

“Истражуваме, не препишуваме“ е мото на интернет порталот prizma.mk. Доказ дека тоа не се празни зборови е и неодамна објавениот напис Пропагандната машинерија на Орбан влезе во Македонија. Автори на текстот се Мери Јордановска од Скопје и Мартон Наѓ од Будимпешта.

Тема на написот е вложувањето на унгарски капитал во македонските медиуми Курир, Република и Алфа. Уредувачката политика на сите три посочени медиуми е блиска до опозицијата во Македонија, а сопствениците на унгарскиот капитал пак се блиски до Виктор Орбан.

Податоците се уредно документирани и тука нема што да се забележи. Она што е интересно е секако, поентата на написот. Виктор Орбан во западна Европа (а, заради “политичка коректност“, и кај нас) е етикетиран како “десничар и националист“. Во согласност со тоа, неговото преземање на македонски медиуми е знак за тревога. На “исправна линија“ ќе бидеме ако за идеолошките определби на Орбан, кој во написот е спореден со Ердоган и Путин, речеме дека се во колизија со европската ориентација, и како такви непожелни.

Пораката на Мери Јордановска и Мартон Наѓ би била убава, кога би била принципиелна, кога би го ставала под знак на прашање секој обид медиумите да бидат купени и злоупотребени во политички цели. Независноста на медиумите е предуслов на слободната мисла. Обратно, финасиската зависност на медиумите, било од владата или од странски донатори, ги претвора во алатки на оној на кој му служат.

За жал, токму принципиелноста е тоа што недостасува во овој напис.

Во Македонија немаме независни медиуми. На пример, истиот портал prizma.mk, кој критички се осврнува на надворешното финасирање на опозициските медиуми, е дел од групацијата БИРН, која е пак целосно финансирана од странски донации!

Cui bono?

Која е разликата од призма.мк, медиум целосно финасиран однадвор, и до Курир и Алфа, финасирани исто така однадвор, но од друг извор? Никаква, освен идеологијата што ја промовираат.

БИРН, Balkan Investigative Reporting Network (Балканска мрежа за истражувачко новинарство), е група на невладини организации во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Романија. Финансирана и раководена од западни центри, воглавно САД, Британија и ЕУ. Позитивна страна им е тоа што го промовираат квалитетот на новинарската работа; не толку добра страна им е што промовираат стратегиски интереси спротивни на интересите на локалните народи. Специјално за нас во Македонија, таквите интереси се дури и погубни.

Расистичкиот концепт на западната политика кон Балканот е многу малку видоизменет од времето на Хитлер до денес. Повеќе од очигледни се двојните стандарди во односот на Западот кон народите кои, по класификацијата на Хитлер, спаѓаат во полуариевските раси (Грци, Албанци и Романци) – наспроти односост на истиот тој Запад кон народите кои Хитлер ги означил како “словенска субхумана раса“.

Според западните расистички принципи (кои сега, заради удобност, се нарекуваат “демократски“ и “западни вредности“), сосема нормално е повисоката раса да ја одзема територијата и животниот простор од пониската раса. Сосема нормално е тоа што Косово е одземено од Србија, и што словенскиот елемент е искоренет од таа територија. Нормално и оправдано е што во таканаречениот “грчки регион Македонија“ е извршен геноцид врз словенскиот елемент, за да може тој “регион“ да биде населен со генетски поквалитетна раса . Сосема нормално е тоа што во Албанија со децении бил забранет било кој друг јазик освен албанскиот, што личните имиња се насилно албанизирани и што со тоа е извршено принудно претопување на малцинствата. Обратно пак, притисокот да му се дадат сите можни и неможни права на албанското малцинство во словенските држави е неверојатно силен, тешко издржлив. Повторно двоен стандард: кога е во прашање албанското малцинство во Грција, притисок за албански права, образование, територијални оделби и ослобоодителни армии – едноставно нема. Таму нема словенска раса од која е дозволено да се одзема се.

Шлаг на нацистичката торта е барањето да го смениме името. Од гледна точка на западноевропскиот расизам, таквото барање е сосема логично и исправно: на секој нормален наци-фашист му се превртуваат цревата при помислата дека со македонското име и македонското културно наследство, кое лежи во сржта на западната ариевска цивилизација, може да се кити некакво си полудиво племе од субхуманата словенска раса.

Во македонските медиуми кои се под чадорот на БИРН има солиден тим што со жар и емоции, доследно и упорно, ја одработува оваа фашистичка идеологија: Сашо Кокаланов и Ѕвездан Георгиевски од призма.мк, Ерол Ризаов и Слободанка Јовановска од независен.мк, не би се срамеле и во Златна Зора да се!

Да се вратиме на поентата од “истражувачкото новинарство“. Дали вознемиреноста поради странскиот капитал во три од македонските медиуми е загриженост поради евентуалното десничарско влијание, или пак страв да не случајно биде нарушен монополот на фашистичкото едноумие?

Одговор не би очекувал од авторите на “истражувачкиот“ текст. Од нивните спонзори уште помалку.

П.С: На сликата од насловот: раководството на Златна Зора, со нивниот фашистички поздрав.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top