Колумната на Горан Михајловски “Пазарење и ќарење“ е краток, но јасен и целосен сублимат на сржта на криминалната идеологија која денес владее со Македонија,
… а таа идеологија е:
Пред дваесет и кусур години, животот на повеќе десетици илјади луѓе бил осакатен, а националното богатство на Македонија е уништено, растурено, десеткувано, низ процесот наречен “криминална приватизација“.
Владеачката елита од тоа време го решила предизвикот на промените со тоа што изнашла метод како да го “приватизира“ процесот на приватизација. Со други зборови, да го исклучи мнозинството законски сопственици на општествениот имот од тој процес.
Криминална приватизација на процесот “за името“
Денес сме исправени пред еден сличен предизвик. Никој не може со сила или закана да ги принуди законските носители на македонскиот национален идентитет своеволно да се откажат од она што е нивно неотуѓиво право. Заради тоа, се бара начин да се “приватизира“ процесот за елиминирање на името “Македонија“.
Се бара начин да се исклучи мнозинството од тој процес.

Идеите што ни ги нуди авторот на познатата серија колумни “Сакам да кажам“, се 103,2% во склад со духот на криминалната приватизација.
Како прв чекор, Горан Михајловски го гледа патот кон превласт на елитата во тоа што ќе ги подели Македонците на класи. Оние кои “имаат право“ да одлучуваат за својот идентитет, и оние кои го немаат тоа право:
Ова е почетокот, а неговата идеја понатаму други ја разработуваат и дотеруваат. Кругот на оние кои не само што треба да бидат елимирани од процесот на одлучување за сопствениот идентитет, туку и да бидат лишени и од правото да зборуваат на таа тема, секојдневно се проширува со нови категории и подкатегории на “непожелни“.
Логиката на архитектите на денешната “приватизација“ е: “ако со овој метод еднаш веќе успеавме ем многу да уништиме, ем да ќариме доволно и за нас, зошто да не го примениме пак?“
Горан Михајловски воопшто не се претргнува од грижа на совеста, и без многу вртење наоколу го става на маса она што за него е приоритет број еден:
Притоа, она што не е кажано, а се подразбира, е дека “ќарењето“ му е замислено да биде на ист начин како и се друго порано. Зијанот и непоправливата штета за многумина, а ќарот за мене и за моите другари.

На крајот, Горан Михајловски ни објаснува уште еден важен дел од стратегијата на денешната криминална приватизација:
Тоа е појдовната точка на арогантната самоувереност со која актерите на “компромисот“, гледајќи со презир врз “простата маса“ надмено и без никаков страв дека ќе бидат кривично гонети, изјавуваат. “ќе го правам ова, зашто ми се може. Во државата никој нема доволно ум за да ме сопре. Сите такви веќе одамна ги имам избркано надвор“.
Ќе го поздравиме Горан Михајловски со два збора: Господине Михајловски, се имате заебано во сметките. И тоа гадно.