Летам преку кукавичино гнездо

Насловот на најновата колумна на Сашо Орданоски е “Ете, така, одлета Александар Македонски“.

Поентата му е кратка и јасна. Не го менуваме само името, туку и историјата на Македонија.

Сегашниот момент, кога со несфатлива брзина, високо на небескиот свод е искачена и со силна светлина свети ѕвездата на Заев, ни го наложува тоа. Милом или силом, од нашите мозоци ќе бидат пресечени, извадени, умртвени и забетонирани како радиоактивен отпад, клетките во кои стои генетски запис дека потекнуваме од земја која се вика Македонија, земја во која некогаш, многу одамна, Александар ја пишувал и создавал светската историја.

Сашо е груб, остар, не бира зборови:

“Треба навистина да си малку ненормален, …. па да го именуваш главниот државен аеродром според Александар“

Откаде му е толкавата самоувереност во донесувањето историски пресуди по политичка мерка, што дури и најобичниот респект за историјата на земјата во која живееме го нарекува “идентитетски пресушен бунар”, а поводливоста на Заев во прекројувањето на таа историја според хировите и потребите на западните господари – како “еманципирање на Македонците од своите историски трауми”?

Ариевската наспроти “субхуманата“ словенска раса

Идејата дека народите од “инфериорната” словенската раса треба да бидат разбиени, разединети и прогонети, и дека одземањето на нивниот животен простор е природно право на западноевропските народи, не е ниту нова ниту непозната. Во отворена и нескриена форма, оваа идеологија е прецизно и детално разработена во документите на нацистичка Германија. Во прикриена, но далеку поопасна форма, истата идеологија денес ја имаме во реториката на Сашо Орданоски.

Нема поочевиден израз на агресивната словеноофобија преточена во дело, од она што денес се нарекува “грчка Македонија”. Во временски период од околу 80 години, направено е нешто што османлиската власт не го постигнала во текот на 500 години брутално владеење. Целосно е избришан еден народ и заменет со друг.

Историскиот и социополитички инженеринг извршен со психопатска суровост, денес ја бара својата конечна пресметка. Точно е, фреските во црквите се пребојадисани со “античка“ грчка боја. Точно е дека грчката држава има ангажирано каменорезачи да ги отстранувааат натписите од надгробните плочи, за да не гледа дека на нив некогаш имало македонски имиња. Но, сето тоа не е доволно.

Денес е потребен договор со сила на меѓународно правен документ, со кој грчките историски фатаморгани ќе бидат прогласени за реалност, а вистинската македонска историја ќе биде етикетирана како привид и лудост.

Лоботомија

Битен квалитет на Сашо Орданоски е неговиот отворен и директен пристап. Кај него нема дволичност. Никогаш не го криел својот презир кон словенската раса. Од тие причини, си нема никаков проблем да предложи хируршки зафат како лек за она што го нарекува “ментална болест“.

Во својата претходна колумна, Сашо победоносно ни ги открива деталите на планираната лоботомија со која од мозоците ќе ни бидат отстранети “идентитетските трауми“:

“расплетот ќе се одвива лапароскопски, со прецизно компјутерско наведување од страна на сојузниците“

Дека социјалниот инжењеринг е проектиран негде на запад, а не во Грција – тоа не е никаква новост; но сепак, убаво е кога овој податок ќе го чуеме не од уличен политичар, туку од човек кој ги познава работите е навистина во тек со настаните. Мораме да признаеме: Сашо Ордановски не зборува напамет. Секој негов збор има тежина.

Заради тоа, како одговор на неговот мафтосување;

“Опоравувањето од вадењето на ова „камче“ од уринарниот балкански тракт ќе трае не повеќе од неколку месеци,“

… мора да му кажеме дека не е така. Последиците од лоботомијата се трајни.

За современата медицина, тоа прашање е затворено. Варварските методи од пред 70 години денес се отфрлени како неприфатливи.

Во време кога ја имаме информациската слобода на интернетот, не е можно да се најде нов доброволец за да се вршат експерименти врз него – со здраворазумски аргументи. Заради тоа, чистиот ум е прв на листата на отстрел во офанзивата за “решавање на спорот”. Место рационално расудување, имаме искривена логика, застрашувања, место спокојно разгледување на аргументите, имаме наводна “итност” на проблемот; место мирно споредување на аргументите за или против – лажни ветувања.

Сашо, не го потценувај народот меѓу кој живееш. Сите знаат за што станува збор.

Напишете коментар