Колумната на Грчев, “Република Север-северозападнановогорнамакедоња“, e креативен обид, од густата и матна геополитичката магла во која е потонат таканаречениот “спор за името“, да се изваја скулптура со препознатлива форма и нагласена естетика, која би оставила силен емоционален ефект врз посматрачот. Резултатот е, најблаго речено, во доменот на фантастиката и надреализмот.
Да почнеме со тоа како професор Грчев ни ги објаснува глобалните стратегии на светските супер сили:
???
Демек, однегде дознавме дека Путин има тајни планови за нуклеарен напад и инвазија врз Македонија, НАТО се претрга од мака како да не одбрани од страшниот источен непријател, па затоа во Брисел владее паника и вознемиреност од највисок степен. Сите до еден, од вратар до генерал не мислат на ништо друго освен – како да не спотераат да го решиме спорот, за да може да не земат “под заштита“.
Професоре, ти ова сериозно, или се мајтапиш со нас?
Нејсе, одиме понатаму. Да видиме како архитектот Грчев ни ги црта европските перспективи:
Ова е веќе интересно и возбудливо. Постоењето на Европа зависи од страста со која ние ја посакуваме неа? На оној што ги чита овие редови почнуваат морници да му лазат, од ненадејното сознание и свест за сопствената сила. Историјата на светот зависи од нашите каприци! Рамни сме со семоќниот Зевс, врховниот владетел на кој му се поклонуваат сите богови од височините на македонскиот Олимп!
Но, да продолжиме со читање. Возбудата се доближува до климакс:
… то ест, како и секоја убава жена, и заносната Европа знае и умее “да смени илјада вери, за да го стори она што и е мило на срцето (Његош)“. По никаква цена нема да дозволи некој да и ја растура љубовната идила што живот и значи. Не со сила, туку со лукавост, со женска итрина, ќе ја предрибла и ќе ја накаже пакосната Грција заради нечесните сплетки со кои таа сака да го оддели Македонецот од саканата Европа.

По овој изблик на силни емоции, авторот сака да не врати кон студено, логичко-разумско расудување, но со малку извитоперена логика:
Рационално? Во изминативе десет години, пакосната сплеткарка Грција многу убаво ја има осетено одмаздата на вљубената Европа. Пљачкосана, осиромашена, понижена и соголена до коска, на бедната Грција кредитните уцени и закани сеуште и стојат како нож во грлото. Токму онака е, како што беше предвидено во еден извештај на Меѓународната Кризна Група од 2008: “Грција скапо ќе плати за ова“. Ранетата и љубоморна Европа покажа, јасно стави на знаење, што се е спремна да направи, само и само да ја задржи страствената помама по неа.
Конечно, откако вака сликовито ни ја прикажа позадината на сета светска политика, професор Грчев, како во вицот за студентот и испитот по биологија, не враќа на единственото прашање за кое има подготвен одговор:
ВМРО и Груевски се причина Унијата и НАТО да преминат од страствено-емотивно до рационално и на крајот прагматично однесување? Работите се малку одопаку. Причините и последиците се со поинаков редослед, ама нејсе, мислам дека треба да му простиме на професор Грчев за овој лапсус. 2008 е далеку зад нас, не треба никому да му замериме ако не памти некои работи што се случувале тогаш.
Финалето на колумната е по обичај, жестоко. Рамката во која се посматра таканаречениот “спор“ е внимателно проектирана и изградена од расположивиот материјал на емоционални и прагматични аргументи; и покрај нежноста на материјалот, градбата има цврстина на армиран бетон, и во таа рамка е можно да биде сместена една и само една слика за иднината. Слика во која немаме никакво право на избор ниту на слободна волја:
Па професоре, толку ли е тешко да ја препознаеш силата што, според твојата дефиниција, е неотуѓиво наша? Да те потсетам:
Ние сме потребна и доволна причина за нејзината егзистенција! И, толку ли е тешко да се извлече логичниот и прагматичен заклучок? Зарем не е јасно дека нашите можности се бескрајни? Европа самата ќе испие чаша цијанид и ќе отпатува во подземјето на Елисејските полиња, ако разбере дека семоќниот Зевс го изгубил интересот за неа, и се загледал во некоја помлада и полична нимфа. Решението ни е во ноктот од малиот прст!

Но, професорот Грчев не ги става ни под точка разно сопствените аргументи, туку го завршува свето вјерују со реафирмација на принципот на помалото зло:
Професоре Грчев, јасно ли ти е каде зацапуваш? Секој еден збор од реченово може да се употреби против тебе. Дали ти е јасно дека со сегашнава восхит пред врховното Зло ја ставаш од знак на прашање искреноста на твоите намери, и ја правиш ирелевантна твојата осуда на груевизмот? Целата твоја борба против естетскиот криминал на Скопје 2014 сега веќе личи како да била лицемерна. Обичен трик со кој си ја купувал поддршката на наивните.
Не ја разбираш, или намерно ја злоупотребуваш Хегеловата дефиниција на слободата? Зборуваш како да не си разбрал која е улогата, и какво е значењето на груевистичката архитектонска, уметничка и историска какофонија, ниту пак ја сфаќаш историската нужност од постоењето на груевизмот. Да те потсетам. Антиинтелектуалната револуција под водството на Груевски е причина и предуслов за да го претвориме во сурогат нашиот културен, историски, и човечки идентитет. Да станеме празна кожурка нез суштина. А кога нема суштина, од какво значење е името што ќе и се даде на безличната маса?
Дали ти е јасно, професоре Грчев, дека без Груевски, ти не би бил тоа што си денес? Дека чекорот што го правиш е само логичко надоврзување на Големот Дело на Груевски? Без неговото претходно разградување на суштината, ти никогаш не би ни помислил да се зафатиш со уништување и на надградбата. Твојата денешна задача ќе беше невозможна.
Имај на ум уште нешто: филозофијата на прагматизмот бара, неизоставно наложува, да се отфрли она што нема употребна вредност. Груевски ја има извршено својата задача до крај, и веќе не е потребен. Сместен е таму кадешто му е местото. Но, немој да се занесуваш со илузии дека односот кон тебе, откога ќе ја одработиш својот дел од проектот “демонтирање на македоња“, ќе биде поинаков. Немој да мислиш дека во твојот случај “големите пријатели“ ќе постапат водени од емоциите, а не од прагмата. Штом си тргнал по патот на Груевски, знај дека единствено место кадешто може да пристигнеш, е таму кадешто е тој сега.