Законот го истуркавте… Çka tash?

Без многу патетика и горчина, Џабир Дерала се соочува со топењето и бледнеењето на сопствените илузии дека по промената на власта, нешто навистина се има променето кај нас. “Македонија останува грдо место за живеење. На кој сакате јазик.” пишува тој во својата колумна “Законот го истуркавте… Çka tash?” Место да биде …

Криминална приватизација на “прашањето за името“

Колумната на Горан Михајловски “Пазарење и ќарење“ е краток, но сепак целосен приказ на сржта на криминалната идеологија на врхушката која денес во Македонија ја има власта во свои раце. Пред дваесет и кусур години, националното богатство на Македонија е уништено, растурено, десеткувано. Деструкцијата на економијата и осакатувањето на животот на повеќе …

Да ти го забодам осилото – тоа е мојата природа

Басна за жабата и шкорпијата     Покрај една широка и длабока река, шкорпијата се мислела како да помине на другиот брег. Во близината здогледала една жаба, и и рекла: – Те молам, качи ме на грбот и однеси ме на другата страна од реката. – Не можам. Ти си …

Плачи и тепај

Повод: “Омразата што не разјадува“ од Елеонора Каранфиловска Ратклиф.             Елеонора е погодена од тоа што, од страна на организаторите на протестите “Ние сме Македонија“ досега нема осуда на, како што вели,  “варварскиот чин на палење на фотографијата на премиерот на РМ“. За да биде …

Честитки до Заев

Честитки до Заев. За еден ден успеа да го собере она што МПЦ го растура веќе две децении. Долг е патот од крајот на деведесеттите години до денес.  Македонската заедница во Австралија, од една од најбројните, најактивните и најпроминентни групи, полека, постепено е претворена во безгласна, речиси невидлива, дезорганизирана и …

Терапија на чист и студен воздух

Честитки до Сашо Орданоски за концизниот и луциден приказ на сржта на она што се случува во Македонија денес. Многу значи кога личност од негов масштаб јавно настапува со силни аргументи во поддршка на протестите: “Протестирањето е нешто што на македонската демократија насушно и е потребно, не само затоа што …

Лажеш, Тричко!

Тричко е во елемент. Решил човекот да ни втерува страв до коски. Најновата приказна му е дека за нас ќе биде смртно опасно ако Македонија реши да не го смени името: “последиците, тоа треба без пардон да се каже, ќе ги почувствува и последниот скот, во тој поглед сите треба да …

Тричковски, уште еднаш

Бранко Тричковски нема ништо ново да каже: “Валкани сме и смрдиме“ “гребеме по калливите ѕидови на дупката“ ‘ќе нè примат во НАТО, ќе ни дадат пари и техничка помош“ “наместо опинците од свинска кожа, на детето му обуваме убави зимски чевли“ Тоа се клучните зборови од неговата последна колумна, Скок …

На дното

  Ако сакаме чесна и отворена дискусија, една од основните цивилизациски норми е да се има респект кон соговорникот. Навредите, однесувањето без осет и грубите зборови се неприфатлив начин на општење. Провоцирањето со навредиви зборови  е злонамерен начин да се обезвреди и уништи било која дебата. Уште повеќе, ако медиумите …

Галопираш во погрешна насока, Тричко!

Општ е впечатокот дека промената на власта во Македонија не ги донесе очекуваните промени, дека машинеријата за репресија изградувана со психопатска бездушност во изминативе 12 години сеуште функционира непречено, дека СДСМ нема воопшто намера да ја демонтира таа машинерија, и дека промените што ги прави се само благо менување на …