Кант му е, двор му е

Во неговата најнова колумна, Денко Малески пишува:
“Денес, се повикувам на Емануел Кант да ни помогне да излеземе од моралниот и правниот хаос во кој западна македонското општество“

За потсетување: Денко Малески редовно го цитира Кант кога сака себе си да се прикаже како морална величина каква што не е.

Емануел Кант е германски филозоф кој оставил траен печат со своите дела, меѓу останатото и со теоријата за моралот. Според Кант, моралот е “категорички императив“. Тоа значи дека човекот има должност да ги почитува моралните норми. И еве една мисла од Кант што Денко Малески ни ја нуди како патоказ:

“максима која не може да биде обелоденета без да ја порази својата сопствена цел, мора да се држи во тајност за да успее; ако јас не можам нешто јавно да признаам без да предизвикам сеопшто протиставување на мојот проект, тоа нужно и сеопфатно протиставување, кое може да се предвиди, се должи само на неправдата со која оваа максима им се заканува на сите“

Цитатов е бескрајно едноставно, но воедно длабоко издржано објаснение на она што деновиве се случува кај нас. Кант ни дава директен и јасен одговор на прашањата:

  • зошто е логично и природно прекарот на Заев да му биде Минхаузен;
  • зошто лагата е неразделен придружник од секој чекор на процесот за разнебитување на македонската нација;

Одговорот и на едното, и на другото прашање е: Затоа што вистинските мотиви и цели на овој процес се неправедни, и како такви мора да се држат во тајност за да успеат.

До тука се е во ред, само кога не би го имале пред нас очигледниот факт дека Денко Малески се повикува на Кант не од почит кон неговите принципи за моралот, туку обратно: за да ги одбрани неморалните и неправедни цели.

На овој блог веќе имам коментар за шизофрената игра на Денко Малески, на кого воопшто не му е проблем едновремено да бара почитување на моралот и почитување на силата и неправдата. Нема потреба и тука да ги повторувам истите работи.

Прашањето што ни останува е: до кога ќе трае ова? Денко Малески не е единствениот што без никаков срам и перде проповеда криминал со уста полна приказни за морал и цивилизациски вредности. До каде ќе им трае слободниот пад? Каде им е дното? Која е таа сила што може да ги сопре?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *