Повод за овој коментар се зборовите на министерот за надворешни работи Никола Димитров:

“Чувстувувам тенденција Преспанскиот договор да се внесе во води во кои тој не навлегува, во малцински прашања. Има напад врз него во Грција дека отвора малцински прашања и има напад овде кај нас, дека на некој начин одбегнува такви прашања”.
Извор: МИА

Преспанскиот договор не навлегува во малцински прашања? Ајде леба ти. Место да му одговараме директно, да се потсетиме што вели Ципрас за истото тоа:

“Со договорот од Преспа нашите соседи децидно признаваат дека не постои прашање за таканареченото македонско малцинство во Грција. Ова прашање – а не името – ја сочинуваше срцевината на македонското прашање”.
“Соодветните амандмани на уставот од соседната земја коишто ги издејствувавме со договорот од Преспа, се оние со кои се отстранува било какво спомнување на заштита на македонското малцинство или на македонскиот народ”

Димитров ЛАЖЕ. Дрско, безобразно и без око да му трепне.

Треба ли да објаснуваме што е што? Мислам дека човек со здрав разум многу лесно може да ги спореди фактите и да дојде до заклучок. Нема потреба да потценуваме ничија интелигенција објаснувајќи дека договорот од Преспа е правен инструмент со кој во административните граници на нашата држава се воведува екстериторијалната примена на грчките антицивилизациски закони. Се озаконува нацистичката репресија која со децении наназад е вградувана во ткивото на соседна Грција.

Прашањето е тука во нешто друго: ако се држиме до правилото “нападни ја тезата, а не личноста” – во овој случај ќе отидеме на погрешен пат. Нема да можеме да ја разбереме играта, ќе ја трошиме енергијата во непотребни расправии и бесплодни полемики, ако не го рабираме начинот на кој функционира умот на оние кои го сметаат за свое природно право – да газат врз останатите.

Што е тоа социопат?

Клучна карактеристика на антисоцијалната личност е готовноста да не се почитуваат и да се газат правата на другите. Кај нарцисоидната личност пак, тоа е пренадуеното его, чувството дека му е дозволено кога сака да земе што сака, и да ги искористува другите. Заедничка особина и на социопатот и на нарцисоидот им е – дека не чувствуваат грижа на совеста кога повредуваат некого.

Како ќе ги препознете? Едноставно. Доволно е ако му посветите повеќе внимание на она што го прават, а не на тоа што го велат. Изненадувачки е да се види како уживаат во маките и страдањата на другите.

Тони Блер се кези во британскиот воен музеј сликајќи се пред една од фотографиите од бомбардирањето на Ирак. Макар да оваа снимка е само фотошоп, направен за движењето Stop the War, точно го одразува неговиот карактер и чесност. Во свеста на публиката ова не е фикција, туку реалност и факт по кој во историјата ќе се памти улогата на Тони Блер.
(Извор: The Guardian)

Овие личности можат да бидат опасни кога се на висока функција. Располагаат со висока интелигенција. Знаат да бидат шармантн и привлечни. Знаат да зборуваат убаво и знаат да заведат многу луѓе со нивните зборови. Но, нивниот шарм е плиток, а емоциите им се одглумени.

Кога ќе покаже нешто што личи на топлина, љубезност или разбирање, тоа е повеќе преправање одошто навистина доживеано. Битни се задните намери кои не ги кажува. Бидејќи самиот е “превара“, такви му се и ветувањата.

Социопатот не ги гледа другите околу него како луѓе, туку само како цел за напад и прилика да бидат искористени. Нема пријатели, има само жртви – или соучесници кои на крајот и самите ќе станат жртви.

Целиот состав на владата на Зоран Заев личи како да е биран по истиот критериум. Лажна и љубезност, неискрени насмевки, водени од принципот “целта ги оправдува средствата“. Големи приказни, големи зборови и планови за иднината – без никаква реална основа. Немаат никаков проблем да изманипулираат, измамат, или да присвојат нешто што не им припаѓа. Криминалното поведение им е систематско, организирано и ладнокрвно обмислено. Свесни се и знаат дека она што го прават не е добро – но воопшто не им е грижа.

Наравоучение

Штом ќе разберете дека си имате работа со социопат, бегајте од таков. Не постои начин да се разберете со него. Залудно е да му објаснувате колку ви е тешко кога ве повредил, да очекувате да ве разбере, и да го смени поведението. Неговиот мозок не функционира на тој начин. Тој е свесен и знае што прави, но тоа не му е никаков товар на совеста. Напротив: кога ќе ја види вашата болка, лутина или гнев – душата му се полни со радост. Се чувствува силен и надмоќен, зашто вашите поплаки му се храна за неговото его, потврда дека успеал, и поттик да продолжи на истиот начин.

Пример за тоа како НЕ ТРЕБА да се постапува со социопат е Христијан Мицковски. Неговите пренагласени и речиси патетични жалопојки, дополнети со постојани молби за средби, разговори и дуел, се школски пример за јалова борба и непотребно трошење на енергијата. Но, повеќе за тоа во некоја друга прилика.

Leave a Reply