Што направивме во 2018, и што ни остана да направиме за нанапред?

 

Овој блог започнав да го пишувам во јануари 2018. Поводот беше едноставен. Уште веднаш по завршетокот на локалните избори во октомври 2017, грозоморните најави на фашизираните идеологија што во наредните месеци  со неизмерна енергија ќе се наметне врз Македонија, започнаа со молскавична брзина и на неверојатно широк фронт. Медиумите преполни со мачнина, а одговор  никаков. Чувствував дека нешто мора да се направи.

Немаше време за многу подготовки. Го користев тоа што го имав на располагање. Веб страницата medvedev.mk ја имав регистрирано уште порано. Беше замислена како блог на кој ќе комуницирам со моите најблиски пријатели и семејството. Наједноставно ми беше да го искористам тоа што веќе го имам, да ги тргнам моите патеписни белешки, и да започнам да пишувам за она што е најважно, за она кое не трпи одлагање. Насловот, “за македонските работи“, по углед од капиталното дело на Крсте Мисирков, си дојде сам по себе.

Сите сме сведоци, и секој на свој начин, учесници во настаните што ги преживеавме во годинава што изминува. Ако има едно нешто за  кое денес сме побогати сите, секој еден од нас, тоа е свеста и разбирањето за она што се случувало, се случува и ќе се случува за однапред. Анатомијата на човековата деструктивност е предмет кој ни останува како прв и суштински за студирање и научна разработка и во наредната, 2019 година.

Меѓу прилозите што ги имам напишано во изминатите 12 месеци, за мене лично посебно место имаат оние најдиректно насочени кон фашистичката позадина на експериментот што се врши во Македонија. Значаен прилог кон сопственото самоизградување ми е анализата  Ништо не е заборавено, Орданоски!.  Ми одзеде доста време во подготовки и проучување на историски материјали. Неверојатно силно ми беше чувството на веќе видено,  додека “копав“ низ историските документи за Хајнрих Химлер и за теоретските основи врз кои бил заснован неговиот прецизно разработен систем за деструкција на “непожелните“ раси. Уште посилен удар беше сознанието дека, сето она што денес ни се случува е веќе документирано и зацртано во стратегиските планови на нацистичка Германија, дека податоците се слободно достапни за секого што сака да оддели време да ги прочита, и дека тоа воопшто не ја засега арогантноста на оние што денес ги спроведуваат плановите на Химлер.

Денес, на прагот од 2019, ни останува сознанието дека борбата допрва ни претстои. Непријателот е моќен, но, ако сме свесни за сопствената сила, ќе знаеме дека не ни може ништо.

Мојот придонес, она што јас можам да го дадам, моите новогодишни резолуции – се понатамошна работа во разобличувањето на демонски деструктивната идеологија. Она што ме радува и ме исполнува со спокојство и вера во иднината, е фатот дека денес, за разлика од истото време минатата година, далеку поголем е бројот на оние што јасно ги гледаат работите, не се плашат да ги наречат со вистинското име, и се подготвени на отпор кој не може да биде скршен.

Нека им биде среќна и добробитна новата 2019 година на сите мои пријатели, на сите добронамерни кои го читаат мојот блог, и на сите оние што не се жалат себе си во бројните битки против фашистичкото насилие врз Македонија.

 

Коста

 

 

Leave a Reply