Јавно наддавање: се бара купувач кој ќе понуди највисока цена

 

 

Напомена: Сликава НЕ Е од македонскиот Парламент. Продавачот што ја води аукцијата, трговците со робови и робовите што се на продажба, НЕ СЕ народните избраници во македонскиот парламент. Сликата е од сосема поинаков историски контекст.

“Секоја сличност со било која реална сличност или настан е случајна“.

 

Шок терапија: бруталноста на перверзијата од “европските цивилизациски вредности“ 

 

Исходот од неодамнешното гласање во македонскиот парламент беше вистински шок за мнозинството од нас. Реакциите се типични: неверување, збунетост, дезориентираност. “Како е ова можно?“, “што сега?“ “како да се пребориме со вакви нискости?“ – се прашањата кои одѕвонуваат во главата на речиси секој од нас.

Медицината вели дека шокот е нормална одбранбена реакција на организмот кога сме соочени со сериозна закана или опасност. Конфузијата, дезориентираноста и намалувањето на способноста за свесно реагирање се типични симптоми кога некој е во состојба на шок.

Сценаристите на неодамнешните настани имаат богато искуство во оваа област. Точно знаат што прават, до детали ги имаат простудиранано физиолошките промени во групата врз која се врши експериментот. Со сигурност знаат со кои методи можат, а со кои не можат да ја искористат дезориентираноста на противникот за да се стекнат со предност во битката.

Нивниот проблем е сепак поголем одошто на прв поглед изгледа: нормален, здрав организам, многу бргу се стабилизира и се враќа во состојба на нормално функционирање. Времето им е строго ограничено. Периодот кога напаѓачот ја има предноста заради тоа што противникот е во состојба на шок и е недоволно способен свесно да подготви стратегија за одбрана, е многу кус.

Суштината на битката во овој момент е: за напаѓачот, да се обиде да ја одржи состојбата на шок колку што е можно подолго; за противникот – колку што е можно побргу да се стабилизира и да се врати во состојба на хомеостаза.

 

Парадоскот на малигното ткиво      

 

Што може Заев да постигне со купувањето на “народните избраници“ од ДПМНЕ? Ако судиме според логиката “купи ден, продај“ – сигурно е дека може да се стекне со некаква привидна, краткотрајна предност. Но, ако гледаме во иднината барем малку повеќе од седум дена,  Заев си ја купува конечната пресуда, свесно си го зацртува неизбежниот неславен крај на својот политички авантуризам.

Ако историјата е учителка на животот, тогаш лекцијата е веќе прочитана, раскажана и повторена повеќе пати. Оние што не бегале од часови ја знаат напамет.

Тодор Александров, херојот на ревизијата на историјата на ВМРО што со толкав пиетет беше спроведена во времето на Груевски, си ја има потпишано сопствената смртна пресуда на ист начин како што денес Заев си ја потишува сопствената политичка ликвидација.

Обземен од анксиозна желба за неограничена моќ, Тодор Александров верувал и мислел дека патот кон таквата моќ му е онаков како што го нацртал Макијавели. Мислел дека е сосема природно на тој пат да не бира средства.  Согласно со тие и такви принципи, како сосема логичен чекор и исправна постапка му изгледала одлуката – во редовите на ВМРО ја приклучи и мафијашко-рекетарската организација на Алеко Василев – Пашата.  Мислел дека ќе има поголема воена, политичка и финансиска сила, но – не знаел (а требал и морал да знае) дека ја става во залог својата моќ токму кај оние што, кога ќе добијат попримамлива понуда од некој друг,  ќе му пресудат со куршум во грбот.

Никола Груевски следејќи ги доследно духовните вредности на својот историски идол, на некој начин ја следи и неговата судбина. Размислувајќи на ист начин како и Тодор Александров, дека моќта му е неприкосновена само ако се потпира на соработници без морални критериуми и принципи, соработници коишто може да ги купи со пари и привилегии, соработници кои се подложни на уцена и кои се плашат од него, Никола Груевски си го обезбеди својот неславен крај.

Она што денес го прави Заев е само бедна карикатура на постапките од неговите претходници, антихероите на инфантилното поимање на филозофијата на Макијавели, Никола Груевски и Тодор Александров. Со тоа што својата моќ ја базира врз моралната мизерија на најкорумпираните лакеи од свитата на Груевски, Заев си црта за себе траса на патот идентична на оној пат по кој има отидено Груевски. Треба ли некој да биде пророк, за да да предвиди дека овојпат нема да му требаат 12 години за да стигне во истражен затвор?

Сите три набројани примери имаат заеднички именител со клетките на кацерозното ткиво. Знаат дека ќе и самите ќе умрат откако ќе ја исцицаат сета животна енергија од организмот врз кој живеат како паразити,  но сепак, продолжуваат да ја прават штетата. Тоа е единственото што го знаат, тоа е она што им е програмирано во ДНК на нивните гени. Залудна е било каква дискусија, било каков обид да им се објасни нешто.

 

Што понатаму?

 

Дефетизмот и разочараноста мораме да ги прифатиме само како привремени, неколкудневни симптоми на состојбата на шок пердизвикана од подмолниот удар на Заев. Колку побргу се вратиме во нормална состојба, толку појасно ќе видиме дека Зоран Заев и неговите надворешни спонзори се во мат позиција.

Колку и да е бучна валканата пропаганда од медиумите, колку и да се трудат да го докажат спротивното, факт е дека во Македонија нема 600 000 приврзаници на фашистичката идеологија. Не само меѓу Македонците, туку и кај сите други народности.

Факт е дека меѓу подржувачите на Заев, еден голем дел се мотивирани од згаденоста со антиинтелектуалниот амалгам на корупција  и насилство кои останаа како печат од времето на владеењето на Груевски. Факт е дека Заев во овој момент јасно и гласно на сите им става на знаење дека е непоколебливо решен, во криминалот, корупцијата и насилието врз здравиот разум,  да ги надмине своите учители, и Никола Груевски и Тодор Александров.

Токму тука е шансата за оние кои се борат против тој криминал, и кои на своја страна ја имаат огромната маса народ кој едноставно не може да живее со макевијализмот ниту да го прифати како сопственa идеологија.   Сега, по последниот криминален експеримент на Заев,  на своја страна ќе ги имаат и еден добар дел од оние кои се гадат од ДПМНЕ на Груевски – од проста и еднставна причина што сега, најдолното од ДПМНЕ е дел од “победничкиот тим“ на Заев.

Кога на пример, Христијан Мицковски би излегол во јавност со документирани податоци и правнички срочени кривични пријави за криминалната елита на ДПМНЕ која сега е во служба на Заев, би им задал неодбранлив удар на неговите меѓународни спонзори, а тоа исто така би било и неодбранлив удар врз домашните медиуми кои се на служба кај овие спонзори.

Велам Христијан Мицковски, затоа што тој е на местото кадешто има достап до критичните податоци.

Кога би сакал Мицковски, би можел многу лесно, со еден потег, да го заврти фенот со врел воздух право кон лицето на Бранко Тричковски, и да му ги врати сите Тричкови блуеници назад, да бидат залепени врз лицето од самиот Тричковски. Зашто, сега веќе ништо не е како порано. Сега, елитата на “злосторничкото здружение на чипираните идиоти“ (како што Тричковски милува да го нарече ДПМНЕ) не е противник, туку пријател и сојузник со фелдмаршалот Зоран Заев. Сега веќе, Тричковски не е борец против “злосторничкото здружение“, туку нивен член, идеолог и соборец. Наздравје, Тричко!

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply