Денко Малески: правото на силниот

Народите од Западна Европа се цивилизациски, културно, интелектуално и во било кој аспект воопшто, надмоќни во однос на народите од Источна Европа. Бидејќи природен закон е послабите да им робуваат на генетски посилните, нормално и оправдано е западните народи да им бидат господари на источните. На источните народи не смее да им се дозволи право на подеднакво образование, здравство и квалитет на животот какви што имаат западноевропските.

Oва било официјална државна идеологија на нацистичка Германија.

Се разбира, денес е повеќе од непожелно да се зборува за биолошка или генетска надмоќ на една нација врз друга. Но тоа не значи дека Химлеровата теорија за супериорност на ариевската раса е целосно заборавена и отфрлена. Силата на оружјето, постепено но сигурно,повторно се враќа на прво место

Согласно со таканаречената “политичка коректност“, денес е недозволиво расизмот да се промовира отворено, како во времето на нацизмот. Но, за воени напади и сега акко и тогаш, е доктрината за нееднаквост на нациите – со таа разлика, што ни се дава во завиена форма. Место “супериорност на западните народи“ се зборува за супериорност на “западната демократија“ и на “западните вредности“; место за “субхумана словенска,семитска или некоја трета раса“ – имаме етикети од типот “диктаторски режим“, “екстремизам“, “тероризам“ и слично. Суштината е сепак иста.

Кај нас, меѓу најеминентните приврзаници и активни промотори на современата замаскирана и прикриена теорија за надмоќ на ариевската раса врз субхуманата словенска раса, посебно место заземаат две влијателни личности: еден од нив е новинарот и публицист Сашо Орданоски, а другиот – универзитетскиот професор Денко Малески.

Д-р Џекил и Хајд
Цитат: “Кој е основниот белег на македонската политика кој го дефинира профилот на нашите политичари? Измамата.“
Денко Малески, Во неговото интервју за Фокус

Во своите јавни настапи, професорот Денко Малески има два изразито спротивни профили. Од една страна, знае да биде одмерен, разборит, умен, дипломат и принципиелен. Но, доволно е да се спомне македонското национално прашање, и, во истиот момент, на неверојатно чудесен начин, Денко Малески се претвора во сушта спротивност на самиот себе. Како во приказната за доктор Џекил и Хајд од шкотскиот писател Стивенсон.

Неговото алтер его најпластично се гледа во неговите ставови по таканаречениот “спор за името“ со Грција.

Според Малески, спорот со Грција не е името на државата, туку, во својата најдлабока суштина, тоа е спор околу идентитетот. Во судирот околу античкото минато македонската страна мора да капитулира, зашто реалноста е дека живееме во светот на големите и мали кучиња, во кој силата, а не правото, е она што е одлучувачко во односите меѓу народите. Историска измислица е дека Македонија била наша етничка територија која нашите непријатели ја распарчиле на почетокот на дваесеттиот век. Во спорот со Грција, во кој моќта е само на едната страна, нашиот избор меѓу две зла во суштина не е никаков избор. Единствена алтернатива ни е: свесно да ги надминеме емоциите, да го прифатиме условувањето од “западните демократии“, и темелите на нашиот идентитет да ги поставиме само словенскиот јазик, а никако не и на историска почва.

Со други зборови, за професорот Денко Малески, словенскиот идентитет е потребна и доволна причина за нашата немоќ и неспособност, за оправданоста на тоа да ни биде ускратено правото да имаме своја историја, и за нашата подредена и потчинета положба во однос на “западните демократии“.

Неговите очигледни изобличувања на елементарните историски факти не можеме да ги објасниме со недостаток на општо образование. Дисторзијата на историските факти ќе мора да му биде ставена на товар како свесна и злонамерна манипулација.

Како да му одговориме, како да му ја урнисаме филозофијата дека животот не е ништо друго освен една сурова и беспоштедна војна за превласт на моќните врз послабите?

 Коњот се држи за узди, а човекот за збор. 

Сепак, најсилни аргументи против Денко Малески ни дава самиот Денко Малески. Поточно речено, аргументите ни ги дава неговото второ јас, неговата сопствена слика за разборит и одмерен интелектуалец што ја става на сцена во оној момент, кога на тапет не му е словенската раса. Раса за која чувствува и зборува со толкав презир.

Цитат: “Вистинската политика не може да направи ниту чекор без нужната почит кон моралноста… Правата на луѓето секогаш мора да бидат свети, без оглед на жртвите кои владејачката сила мора да ги поднесе…Сета политика мора да го свитка коленото пред праведното.“
Кант

Не само што ни го посочува овој извадок од филозофскиот есеј “За перманентниот мир“ (1795) на Емануел Кант како водечка мисла на сопственото залагање за морал во општеството, туку згора на тоа Денко Малески ни вели дека истото начело го има и како свое лично убедување:

Цитат: “Моралниот човек ќе најде начин да се спротистави на неморалното општество. А неморалниот? Ќе бара изговори.“

И сега, што правиме? Кој е стожерот вредности, кој е компасот според кој професорот Малески се ориентира во животот? Моралот и праведноста или бестијалноста на глутниците прегладнети волци?

Религијата на Денко Малески

Пак сме на истото. За да стигнеме до одговорот, не е потребно да одиме ниту чекор подалеку од она што го има речено самиот тој:

Цитат: “шизофрена игра е едновремено да застапуваш две нешта кои заемно се исклучуваат“

Во право си, Денко. Шизофрената игра дека си “за“ правото на силата и “за“ силата на правото – две нешта кои заемно се поништуваат – конечно мора да престане. Таа игра не те води никаде. Крајно време ти е, еднаш засекогаш да ја одбереш религијата во која веруваш.  

Духовните закони важат со подеднаква сила како и законот за гравитацијата. Кога ќе стигнеме до последниот момент, единствено прашање што ќе ни биде поставено е – дали живеевме во склад со она во што веруваме. Со своите дела го пишуваме својот епитаф.

Кармата е опасно нешто, Денко. Не можеш да садиш тикви, а да береш капини. Ужасната страна на правото на посилниот, што сега го проповедаш, е дека го повикуваш тоа право да биде применето врз тебе. Ако утре се најдат неколкумина доволно силни да те ограбат, да ти ја испотепаат фамилијата, да те остават осакатен и беспомошен, нема да има зошто да се жалиш. Нели твое начело е дека „прашањето за правдата се поставува само помеѓу еднакви во сила“, и дека “силните го прават тоа што можат, а слабите тоа што мораат“?

Уште една работа ќе мора да ја поставиш на чисто: човечки би било на сите твои досегашни студенти да им пратиш писмо со извинување, затоа што си ги водел и учел во нешто во што не веруваш, во нешто што го презираш, во нешто за кое знаеш дека е лага. Меѓународното право.

Или пак обратно: ако го одбереш Кант за твој учител и водач. тогаш редно би било на сите твои читатели јавно да им се извиниш за крволочната филозофија што ја проповедаш.

Одлучи се за едното или за другото. На шизофренијата мора еднаш да и се стави крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *