“ПРОФЕСИОНАЛНИОТ И ЛИЧНИОТ АВТОРИТЕТ СЕ ГРАДАТ ЦЕЛ ЖИВОТ, А СЕ ГУБАТ САМО ЕДНАШ.“ – Горазд Росоклија, на неговиот Фејсбук статус

Со овие зборови професор д-р Горазд Росоклија ги стави на вистинското место повиците за психијатриска дијагноза на поедини политички ликови што одвреме навреме може да се чујат по социјалните мрежи. Негов став е дека задачата на науката, специјално медицинската, е да служи за доброто и благосостојбата на човекот, а не да биде алатка што ќе се користи за деструктивни и ниски политички сплетки.

Штета е што за еден значителен број наши универзитетски авторитети, нивото на беспрекорен личен и професионален интегритет што го покажува д=р Росоклија е мислена именка. Прв и најистакнат пример е секако правниот факултет “Јустинијан Први“, кадешто испреплетеноста на византиските политички интриги со научната работа е толку длабоко навлезена во ткивото на самата образовна институција, што го поставува под знак на прашање и нејзиниот углед како таква.

 

Пример први: “Република Кина на Тајван“

 

“Духовен татко“ и иницијатор на авантурата со признавањето на Тајван во 1999 година беше д-р Васил Тупурковски, професор по МЕЃУНАРОДНО ПРАВО  на факултетот “Јустинијан Први“. Идејата на целиот потфат беше дека во замена за доволно голема сума на пари, Македонија може да си го дозволи луксузот на најдрзок начин да искаже дека не го почитува суверенитетот на една голема и силна држава каква што е Република Кина, дека не ги признава кинескиот парламент и влада во Пекинг, и дека наместо тоа воспоставува односи со кинеската влада во егзил, која од завршетокот на граѓанската војна во 1949 година па до денес е на островот Тајван.

Меѓу запалените приврзаници на ова политичко и професионално салто мортале на Тупурковски, посебно истакнато место има д-р Светомир Шкариќ, универзитетски професор по УСТАВНО ПРАВО. Во рамките на тогашната театарска претстава, д-р Шкариќ оствари студиско патување на Тајван, со декларирана цел “проучување на тајванскиот устав и уставните промени од 1991 – 97“.

Има еден голем проблем со тој устав. Донесен во 1947, овој законски акт се однесува на територијата на цела Кина. Ниту Пекинг, ниту Тајпеј немаат дилеми околу тоа: и Пекинг, и Тајпеј се согласни дека Кина е една држава, и дека Тајван е интегрален дел од Кина. Несогласувањето е само во едно: кој парламент, оној од Тајван или оној од Пекинг има вистинска законодавна власт.

Во 1949 година, исходот од внатрешната борба во Кина бил таков што Чанг Кај Шек заедно со владата и пратениците од неговиот парламент пребегале на Тајван. Тука ги обновиле државните институции надевајќи се дека еден ден, со американска помош, повторно ќе ја преземат власта во Кина. Но, тој ден никогаш не дошол. Во деведесеттите години на минатиот век, кога пратениците избрани во 1947 веќе почнале еден по еден да умираат (тајванскиот парламент работел во неизменет состав од војната до тогаш), се започнало со уставни промени во согласност со новата реалност. А таа реалност била дека речиси сите светски субјекти, вклучително и САД; го признаваат Пекинг, а не Тајпеј како влада на Кина. Дел од тогашните измени на тајванскиот устав бил и членот дека “за народни претставници од останатите кинески провинции, во парламентот може да бидат бирани и жители на провинцијата Тајван“.

Дали од д-р Шкариќ, по неговото враќање од Тајпеј, слушнавме некој збор за сето ова, за неизмерната престапност и недозволивото газење на основниот принцип на меѓународното право, ДРЖАВНИОТ СУВЕРЕНИТЕТ, од страна на д-р Тупурковски? Бог да чува и да брани од такво нешто. Д-р Шкариќ, ни даде осврт само на безначајни технички детали од тајванскиот устав, и со тоа ни стави на знаење по колку ефтина цена е подготвен да се поздрави со својот професорски углед и авторитет.

Уште почудно е тоа што во тоа време никој, апсолутно никој, од бројните нивни колеги – научни работници, не се јави барем со морална осуда на штетата што Тупурковски и Шкариќ ја прават не само врз сопствениот, туку и врз угледот на факултетот воопшто.

 

Случај последен: “Република Хеленска Македонија“

 

 

2018: во удобниот амбиент на неговиот дом со прекрасен видик кон Дојранското Езеро, изграден на имотот што кралството СХС му го има доделено на неговото семејство кое како српски колонисти во дваесеттите години на минатиот век се доселени во новозапоседнатите територии, сега пензионираниот професор д-р Шкариќ, со подеднаква жар како што на времето се залагаше за проституцијата со Тајван, овој пат надолго и нашироко му објаснува на присутниот новинар колку е “добар“ договорот меѓу Заев и Ципрас. Слично како и тогаш, сета негова професорска говорничка вештина, елоквентност и ерудиција,  сите латински термини и сите цитати на светски академски авторитети, д-р Светомир Шкариќ им ги посветува исклучиво на небитните технички детали од договорот. За она што е најбитно, ГАЗЕЊЕТО ПО ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА ПРАВОТО, нема ниту збор.

Договорот Заев – Ципрас е билатерална спогодба за трајно решавање на едно прашање кое, во поинакви историски и политички околности би можело да биде предмет на вистински спор. Битен дел од тој договор е насилното менување на историјата: грчкиот геноцид во Македонија да биде избришан, како од историските документи тако и од свеста на луѓето, а место тоа да биде ставена историска фатаморгана – дека регионот Македонија од антиката до денес бил во секој поглед – културно, етнички, јазично и религиски – исклучиво грчки. Со тоа, Грција би била засекогаш растоварена од одговорноста за своите злосторства во Македонија, а за возврат, нашата држава би требало да добие хипотетички бенефиции од претпоставеното идно членство во НАТО и ЕУ.

Проценката колку овој пазар е доходовен, зависи од системот вредности според кои се раководи посматрачот. Но она што е сигурно дека не е добро, е токму фактот дека оваа спогодба е пазар, и дека ваквото пазарење е спротивно на принципите на правото.

Имотно-правните договори се општо прифатени како метод за решавање на спорови без судска постапка. При развод на брак, поделба на наследство, спор околу имот, или бизнис зделка, договорот меѓу две спротивставени страни има иста правна сила како и судска одлука.

Но, ако предмет на спорот е кривично дело, тоа не може да биде разрешено со меѓусебен договор меѓу злосторникот и жртвата. Гонењето на извршителите на кривични дела е во надлежност на државата, а не приватен проблем на оштетениот. Државата пак, не може да ги решава кривичните предмети со пазарење и да ја определува пресудата во зависност од тоа што ќе и понуди обвинетиот. Државата е должна да спроведе некаква правда, а не пазар.

 

 

Одговорноста за кривично дело не може да биде анулирана со имотно-правен договор. Грција не може да биде ослободена од одговорноста за тоа што го има направено во Македонија. Ниту пак македонската држава има право да стави цена на таа одговорност.

Идејата на Шкариќ дека еден ваков принцип на правото може да биде прекршен со леснотија и без никакви последици, едноставно е далеку од реалноста. За некого може да звучи привлечна помислата дека со обичен договор за уништување на сите доказни материјали, заверен кај нотар, може да одбегне кривична одговорност; но на крајот сепак ќе разбере дека попусто се радувал и дека такво нешто не е можно.

Шкариќ може да се занесува дека ќе му биде релативно лесно и едноставно да го убеди простиот народ околу него дека е “добро“ да се заборави историјата. Арно ама, со тоа само кажува колку самиот тој е заглавен во своето неславно минато, во самоубиствениот менталитет на колонијален господар кој сеуште живее со илузијата за сопствената грандиозност, со илузијата дека еволуциски е нешто повеќе од масата неуки селани кои станале поданици на неговиот крал по силата на оружјето и измамата, и дека негово природно наследено право му е да се пазари со Елада за поделба на заедничкиот плен.

Професоре Шкариќ, еден совет за тебе: сокри се, не излегувај пред камери. Со секој кажан збор, само покажуваш само колку безвредно и колку бесмислено е се што си постигнал во животот до сега. Не дозволувај било кој лаик да може аргументирано да докаже дека твоите толкувања на правото се чиста перверзија, а ти, со сето твое знаење и правничко образование, да не си ви состојба да одговориш. Престани да го доуништуваш она што останало од твојот професорски авторитет. Остави ги Македонците да ја водат својата македонска борба. Тргни се настрана и не влегувај таму кадешто не ти е местото. Нема за тебе ништо во зделката Заев – Ципрас. Ако нешто од таа зделка евентуално и успее да се спроведе, евентуалната награда ќе им следува на македонските квислинзи, а не тебе. Разбери дека дури и во твојата Србија веќе одамна се ослободени од замислено супериорнот воинствен менталитет, и многу повеќе знаат да ги ценат вистинските вредности. Ти остануваш како осамен мастодонт, жив, но прегазен сведок на едно одамна минато време и одамна прегазени идеологии, кога цената на себепродавање била ниска, ниска …

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply