На приватниот договор меѓу Заев и Ципрас местото му е – да биде разгледуван во медицинските установи. Никако во парламентот.

Благодарение на грчките медиуми, текстот на договорот, со сите свои небулози и бесмислици, од првата глупост до последниот идиотизам, ни е достапен да го прочитаме во целост и покрај желбата на авторите такво нешто никогаш да не се случи.

Ударот врз здравиот разум започнува уште со првата реченица од преамбулата, каде што стои дека договорни страни се Република Грција (Првата страна) и Втората страна, којашто беше примена во Обединетите Нации со резолуцијата на Генералното Собрание број 47/225 од 1993 година. Во превод: Грција е држава, а ние сме новороденче кое, додека кумот не го крсти, за идентификација нема ништо друго освен регистарскиот број од породилната клиника.

Остатокот од преамбулата е трагикомичен обид фашистичкото негаторство на македонската нација, негирањето на нашето право на самоопределување, и недемократското кроење на овој документ да се прикаже како достигање “во духот на демократијата,  почитувањето на човековите права, достоинството и фундаменталните слободи“. Перверзија до апсурд.

Член 1 на договорот е долг список на обврски кои што ќе траба да ги исполни “Втората страна“. Во детали е дефиниран опсегот на употребата на новото име, со прецизни рокови за конечно воведување. Не само називите на сите државни институции, туку и личните документи на кои стои сегашното име ќе мора да се заменат со нови во рок од пет години. Употребата на името “македонски“ дури и во комерцијални цели ќе биде подложена на надворешна контрола.

За возврат, “Првата страна“ дава чесен збор дека нема да го попречува приемот на Втората во НАТО и ЕУ. Фер спогодба, нема што.

Од специјален интерес е член 7, кој е интересен од гледна точка на психијатријата., и тоа специфично за пореметувањето чиј главен симптом е губењето допир со реалноста. На личност што страда од параноидна шизофренија животот и е исполнет со сомневања и стравови од завери а и илузии дека е величина и дека има извонредни способности.

 

 

И едниот и другиот симптом се повеќе од нагласени во фамозниот член 7 од скришум и потајно скроениот договор на премиерите Заев и Ципрас. Просто бодат очи со неверојатната теза дека “за Првата страна, името Македонија ја означува територијата, народот, јазикот, културата, историјата и наследството на овој регион од античко време до денес“, а пак “за Втората страна, истото име ја означува нивната територија, народ, наследство, историја и култура кои се словенски, драстично различни немаат никаква врска со античката грчка цивилизација и култура“. Шизофренија преточена во официјален документ кој треба да има меѓународно-правна тежина.

Во член 4 од приватниот договор на Заев и Ципрас е преточен првиот симптом на пореметеноста, односно параноичниот страв од замислениот иредентизам.

Капак на се е член 5, во кој сиот овој циркус во кој параноичните илузии за историјата треба да бидат наметнати со најстроги законски мерки, ни се објаснува како придржување до духот и принципите на демократијата, човековите права, Повелбата на ООН итн.

Нема дилема дека коренот на нагласената спротивставеност на античката хеленска култура на Првата страна наспроти словенскиот карактер на Втората страна е во расистичката теорија за природната надмоќ на ариевските европски раси врз субхуманата словенска раса.

Ако за ополномоштените претставници на Првата страна можеме да имаме некакво разбирање – пораснати се и воспитани со фашистички цивилизациски вредности, дијагнозата за “нашиот“ е малку покомплицирана. Едниот од симптомите е непобитно тука: илузијата за сопствената грандиозност и натпросечна моќ, со што ја оправдува својата самоубиствено лудачка трка да се прикаже себе си како исклучителен и врховен архитект на овој неверојатен фашистички документ. Нема потреба да се договара со никого, зашто сите останати се “под него“. Другиот симптом, паранојата, досега е во стравот некој да не го види документот што го подготвува “избраниот“.

Еден ден наци-фашистичките амбиции на пациентот од Муртино ќе ни бидат предмет за разонода и смеа, но во меѓувреме мора да ги преземеме потребните мерки за да се спречи несаканиот развој на состојбите. Терапија му е потребна под итно.

До каде оди пореметеноста на самовљубените автори на нацистичкиот договор? Во член 8 ги имаат преминато границите докај што може и докај што не може да се оди. “Во рок од шест месеци по стапувањето во сил на овој договор, Втората страна ќе треба да изврши ревизија на сите споменици, јавни згради и инфраструктурни објекти, и ќе ги коригира деловите кои се однесуваат на античката хеленска култура и историја“. Посебна точка му е посветена на сонцето од поранешното знаме. Ќе мора да биде отстрането од сите јавни места.

 

 

Црква по црква, службите на Заев ќе треба да одат со четки и лименки густа боја, да ги премачкуваат иконите кои се опасно набиени со “иредентистичка идеологија“. Ќе го имаме истото како и во деновите на најцрниот фашизам во Грција, кога екипи мајстори оделе со длета да ги отстрануваат македонските написи, село по село, црква по црква.

Лично, не верувам дека денес, во 21.век, е такво нешто можно. Но, ако судиме по бројот на следбеници што ги има нацистото од Муртино, којзнае?

 

 

 

Leave a Reply