“Истражуваме, не препишуваме“ е мото на интернет порталот prizma.mk. Дека тоа не се празни зборови, сведочат повеќе истражувачки написи на овој портал. Еден од таквите написи е неодамна објавениот Пропагандната машинерија на Орбан влезе во Македонија. Автори на текстот се Мери Јордановска од Скопје и Мартон Наѓ од Будимпешта.

Тема на написот е вложувањето на унгарски капитал во сопственичката структура на македонските медиуми Курир, Република и Алфа. Уредувачката политика на сите три посочени медиуми е блиска до опозицијата во Македонија; сопствениците на унгарскиот капитал се блиски до Виктор Орбан.

Податоците се уредно документирани и тука нема што да се забележи. Она што е интересно е секако, поентата на написот. Виктор Орбан во западна Европа (а, заради “политичка коректност“, и кај нас) е етикетиран како “десничар и националист“; следователно, неговото преземање на македонски медиуми е знак за тревога. “Политички коректно“ би било, идеолошките определби на Орбан, кој во написот е спореден со Ердоган и Путин,  да ги сметаме дека се во колизија со европската ориентација, и како такви непожелни.

Пораката на Мери Јордановска и Мартон Наѓ би била убава, кога би била принципиелна, кога би го ставала под знак на прашање секој обид медиумите да бидат купени  и злоупотребени во политички цели. Независноста на медиумите е предуслов на слободната мисла. Обратно, финасиската зависност на медиумите, било од владата или од странски донатори, ги претвора во алатки на оној на кој му служат.

За жал, токму принципиелноста е тоа што недостасува во овој напис.

Во Македонија немаме независни медиуми. На пример, истиот портал prizma.mk, кој критички се осврнува на надворешното финасирање на опозициските медиуми, е дел од групацијата БИРН, која е пак целосно финансирана од странски донации!

Која е разликата од едните, финасирани од владата,  до другите, финасирани однадвор, и третите, финасирани исто така однадвор, но од друг извор? Cui bono? – ќе ги препознаеме по идеологијата што ја промовираат.

БИРН  – Balkan Investigative Reporting Network (Балканска мрежа за истражувачко новинарство) е група на невладини организации во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Романија. Финансирана и раководена од западни центри, воглавно САД, Британија и ЕУ. Позитивна страна им е тоа што го промовираат квалитетот на новинарската работа; не толку добра страна им е што промовираат стратегиски интереси спротивни на интересите на локалните народи. Специјално за нас во Македонија, таквите интереси се дури и погубни.

Расистичкиот концепт на западната политика кон Балканот е многу малку видоизменет од времето на Хитлер до денес. Двојните стандарди во односот на западните сили кон полуариевските раси (Грци, Албанци и Романци) наспроти односост кон словенската субхумана раса е повеќе од очигледен. Според западните расистички принципи (кои сега, заради удобност, се нарекуваат “демократски“ и “западни вредности“), сосема нормално е повисоката раса да ја одзема територијата и животниот простор од пониската раса.  Сосема нормално е тоа што Косово е одземено од Србија, и што словенскиот елемент е искоренет од таа територија. Нормално и оправдано е што во таканаречениот “грчки регион Македонија“ е извршен геноцид врз словенскиот елемент, за да може тој “регион“ да биде населен со генетски поквалитетна раса . Сосема нормално е тоа што во Албанија со децении бил забранет било кој друг јазик освен албанскиот, што личните имиња се насилно албанизирани и што со тоа е извршено принудно претопување на малцинствата. Сосема нормално е што истото било извршувано со  нацистички терор во Грција. Обратно пак, притисокот да му се дадат сите можни и неможни права на  албанското малцинство во словенските држави е неверојатно силен, тешко издржлив. Повторно двоен стандард: кога е во прашање албанското малцинство во Грција, притисок за албански права, образование, територијални оделби и ослобоодителни армии – едноставно нема. Таму нема словенска раса од која е дозволено да се одзема се.

Шлаг на нацистичката торта е барањето да го смениме името. Од гледна точка на западноевропскиот расизам, таквото барање е сосема логично и исправно: на секој нормален наци-фашист му се превртуваат цревата при помислата дека со македонското име и македонското културно наследство, кое лежи во сржта на западната ариевска цивилизација, може да се кити некакво си полудиво племе од субхуманата словенска раса.

Во македонските медиуми кои се под чадорот на БИРН има солиден тим што со жар и емоции, доследно и упорно, ја одработува оваа фашистичка идеологија: Сашо Кокаланов и Ѕвездан Георгиевски од призма.мк, Ерол Ризаов и Слободанка Јовановска од независен.мк, не би се срамеле и во Златна Зора да се!

Да се вратиме на поентата од “истржувачкото новинарство“. Дали вознемиреноста поради странскиот капитал во три од македонските медиуми е загриженост поради евентуалното десничарскато влијание, или пак страв да не случајно биде нарушен монополот на фашистичкото едноумие?

Одговор не би очекувал од авторите на “истражувачкиот“ текст.  Од нивните спонзори уште помалку.

 

П.С: На сликата од насловот: раководството на Златна Зора, со нивниот фашистички поздрав.

 

 

 

 

Leave a Reply