“Глушицата ги побарала за маж сонцето, ветерот, облакот и планинскиот врв, ама на крајот пак се омажила за глушец“ (Панчатантра)

Во напнатата атмосфера околу лудачко-авантуристичките потфати на Зоран Заев да изврши етноцид врз Македонија, во лепезата разноразни реакции што ги слушаме, достојно место зазема и Тодор Петров. Како основач и долгогодишен претседател на Светскиот Македонски Конгрес, секако е повикан да одговори и да го каже своето. И тој тоа го прави:

  • “СМК го повикува претседателот на Републиката да не потпишува указ за прогласување на Закон за ратификација на меѓународен договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата“
  • “СМК ја повикува Владата да не склучува меѓународен договор за промена на името на државата и иденитетот на нацијата!“
  • “СМК ги повикува пратениците да не ратификуваат меѓународен договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!“

Што не е во ред со овие апели на СМК? Каде греши Тодор Петров?

Многу едноставно: Тодор Петров не зборува за тоа што тој може да направи, туку бара од други, и тоа токму од оние врз кои тој самиот нема сила да им заповеда, да постапат според неговите желби и потреби. Отприлика исто како да упати апел до Вардар да не тече накај Егејско Море, туку да заврти на запад, да се состави со Радика, и преку Црни Дрим да се влее во Јадранското Море. Ефектот е ист: Вардар ќе се вознемири поради повикот на Тодор Петров исто толку колку што ќе биде вознемирен Зоран Заев, и ќе го смени текот исто толку колку што ќе ги сменат плановите пратениците и владата.

Американскиот автор Стивен Кови го има многу убаво објаснето ова прашање во неговата книга “7 принципи на високо ефективните луѓе“, објавена уште во далечната 1989 година. Секој човек има сфера на влијание, и сфера на нешта што го засегаат или се од интерес за него. Сферата на влијание е помала од сферата на интерес. Непотребно губење време и енергија е човек да се обидува да постигне нешто што можеби го засега, но во е надвор од сферата на неговото влијание. Парадоксот е во следното: кога сме концентрирани да работиме во доменот на нашата сфера на влијание, таа сфера се зголемува; ако пак сакаме да бидеме повеќе одошто сме, со тоа си го стеснуваме кругот на влијание.

Книгата на Стивен Кови е светски бестселер, со продадени 25 милиони примероци и преведена на 40 јазици. Принципите што тој ги изложува се едноставни, и денес се општоприфатени ширум светот. Со исклучок на Македонија, кадешто потребата на луѓето кои да се истоштуваат со тоа што не направил или што треба да направи директорот на фирмата, градоначалникот, министерот, итн – е правило, а не исклучок. Се друго е поважно од она што не сум го направил и што треба да го направам јас.

Да се вратиме на Тодор Петров и неговите, во основа доблесни и исправни, но безвлијателни политички изјави со кои бара некој друг да преземе акција и да го направи она што тој не го прави.

И на оние од власта, и на оние од опозицијата, и на неутралните, им е јасно дека Зоран Заев игра една подла и крајно нечесна игра. Откако го има злоупотребено незадоволството на луѓето од претходниот режим, и откако има изманипулирано доволно гласачи за да ги преземе дизгините на власта, го открива своето вистинско лице и вистинските намери.  Целата претстава “живот за сите“ му била само димна завеса за бизнис зделката со националните интереси што приватно, во тесен круг на соработници, ја води за свој (и за некој друг) интерес.

Заев е свесен дека ова што го прави е криминал од најтежок вид. Како бизнисмен, не може да не ги знае правилата. Кога би се обидел да продаде за готовина туѓа стока со голема вредност или тапија од туѓ имот, и потоа да избега со кеш во џебот, шансите да биде најден во некој ендек со прережан грклан му се речиси сигурни. Не би се чувствувал безбеден дури и да е на другиот крај од светот. Но, неговата дрскост и безобразие со кои, игнорирајќи се по ред, тапоупорито си ги тера нацистичките бизнис зделки, зборува за тоа дека Заев се чувствува заштитен. Верува дека има покритие во моќта на десеткратно поопасната мафија со која соработува.

Сосема бесцелно, апсолутно непотребно губење време, е да се повикува Заев на совест и принципи. Тој ги има преминато границите на дозволеното. И да сака, не може да се врати назад.

Како можеме да му ја растуриме криминалната зделка? Без оглед на навидум страотната сила што ја има мафијата на која Заев и служи, силата што ја има секој од нас е уште поголема. Не може да не победи, освен ако ние самите не му дозволиме. Законите во духовниот свет се исто толку неумоливо цврсти као и законите во физиката. Никој не може да го игнорира законот на гравитацијата и да скокне од десетти спрат затоа што си мисли дека нема да биде повреден. Исто така, никој не може без последици да постапува спротивно на фундаменталните принципи што важат во меѓучовечките односи.

Најмалку нешто што може било ој од нас да направи е: јасно и гласно да стави до знаење дека ова што го прави Заев е приватен бизнис на Заев. Заев никогаш не побарал моја согласност и дозвола да се пазари во мое име за нештата за кои се пазари. Било кој договор потпишан од Заев е негов личен договор и негов личен пазар, а не договор во мое име. Не признавам и сметам за неважечки никаков договор направен од Заев во мое. Тој е одговорен за своите дела, јас за моите.

Принципите се природни закони цврсти како камен. Како што има одбележано Сесил Де Мил во неговиот филм “Десетте заповеди“: “Не е можно ние да го прекршиме законот. Единствено е можно ние да се прекршиме врз законот, ако не го почитуваме“.

Секој еден човек кој ќе искаже или потпише изјава дека не прифаќа никаков мајмунски дил што Заев ќе го склучи во негово име, е камен врз кој може и мора да се прекрши сета селска итроштина, безобразие и крадливост на Зоран Заев. Ако доволен број луѓе го кажат истото, паѓаат во вода сите негови обиди фашизмот да ни го продава како “европско“ и “демократско“достигање.

Тука е делокругот на работата за Тодор Петров. Пораката за него е:

Тодоре, она што можеш, и што ти е должност да го направиш, е ти лично да ги почитуваш принципите кои Заев бесрамно ги гази. Ако му се обраќаш со молба да постапи вака или онака, му даваш легитимитет да продолжи со измамите. Ако пак му кажеш дека го сметаш за криминалец и дека се оградуваш и се гадиш од неговите постапки, му поставуваш камен врз кој се кршат сите негови ујдурми и селски превари.

Но тоа не е се. На местото кадешто си, имаш многу други луѓе кои мислат исто како и ти, луѓе врз кои имаш влијание. Побарај не од монолитниот блок на малоумните имбецили што во парламентот воодушевено му кликаат на друмскиот разбојник од Муртино, туку од оние за кои си сигурен и знаеш дека се чесни да те следат, и да ја искажат својата волја на цврст и непоколеблив начин. Не ги оставај луѓето што со денови и месеци упорно собираат потписи без твоја поддршка и помош.

Колку повеќе луѓе ќе собереш, толку поцврст е каменот врз кој се крши нечесноста на Заев, и толку побргу Заев ќе биде рециклиран.

 

 

Leave a Reply