Специјалната војна

Руската опомена дека зачленувањето на Македонија во НАТО негативно ќе се одрази врз руско-македонските односи, во многу наши медиуми беше дочекана на нож:

Нано Ружин: “Русија … тешко ја прифаќа реалноста дека една православна држава може да влезе во клубот на Алијансата”

Бранко Героски :“предупредувањето од Москва коинцидира со дивеењето на антизападните и ентиевропските сили во Македонија”

Сашо Орданоски : “нивната комбинација на развиена технологија, заканувачка сила, нешто пари и многу бескрупулозна пропаганда, … знае да го даде посакуваниот дестабилизирачки ефект” 

Мирче Адамчевски : “Најверојатно за сопки ќе користи маргиналци од типот на Јанко Бачев и негови следбеници, па некои други политички авануристи за кои веќе се зборува дека трчаат по руски пари”

Уплавот од наводната “руска агресија” е ирационален. Во една нормална дискусија веројатно не би било проблем со едноставни логички аргументи да се објасни дека тој страв е непотребен. Но, денес нема место за нормална дискусија. Ние сме во војна, а измамата е основа на секое војување. Логиката и здравиот разум би оневозможиле многу измами, и поради тоа се непожелни. Во тој смисол, ширењето ирационална русофобија е сфатливо единствено како дел од психолошките операции на сегашната војна. Војна, чија цел е укинување на нашето постоење како народ,

Специјалните психолошки операции чија цел е да го оневозможат нормалното функционирање на здравиот разум, имаат повеќе страни. Една од нив е и мантрата која ни се повторува секојдневно:“оставете го минатото, свртете се кон иднината”.

Проблемот со оваа, на прв поглед привлечна идеја, е во тоа што со губењето на свеста за минатото се губи и компасот за ориентација во времето и просторот. Човекот кој не знае од каде стигнал таму кадешто е, е како мува без глава. Било кој пат да го фати, исто му е. Не може да разбере дека “иднината без минато” што му се нуди не е иднина без минато, туку е иднина опеределена со нечии други фантазии за минатото.

 

Правото на постоење

Лекциите од минатото треба да се учат, и не треба се забораваат. Што би се случило кога на пример, во Германија би го заборавиле Хитлер?

Американската историја изобилува со примери кои не смеат да бидат заборавени. Една од најсилните американски лекции од минатото е секако војната во Виетнам, една од најкрвавите и најбесмислените во историјата на САД.

Прашумите и земјоделието на Виетнам се изгорени со 380 000 тони напалм; вегетацијата е затруена со 70 000 тони хербициди; врз Виетнам се фрлени 7 милиони тони бомби, три пати повеќе одошто САД имаат употребено во текот на целата Втора светска војна;  убиени, изгорени, распарчени и претворении во прав се речиси 4 милиони жители на Виетнам, Лаос и Камбоџа; загинати се повеќе од 58 000 американски војници.

Стратешката цел, причината поради која е започната војната во Виетнам е истата онаа што Нано Ружин денес ни ја нуди како аргумент заради кој Македонија мора да биде во НАТО: ако во еден регион, се допушти макар само една земја да потпадне под руско влијание, тогаш тоа би можело како “домино ефект” да се прошири и на сите останати земји во околината.

Со други зборови, не тоа што е, туку “што би било кога би било” е причината и оправданието за бесмислените разурнувања од неверојатен размер.

Причините пак, поради кои е окончана војната во Виетнам, се повеќе. На една страна се се погласните и побројни протести дома во САД: Се повеќе луѓе започнале да го поставуваат прашањето: “мојот син загина во Виетнам. Заради што?”

На другата страна, дури и најагресивните хушкачи полека започнале да сфаќаат дека војната во Виетнам не може да биде добиена со никакви бомби. На некој начин, може да се повлече паралела со Македонија денес. Отпорот не бил повеќе ниту заради комунизмот, ниту заради  капитализмот, ниту заради Русија или Америка. Прашањето било дали еден народ ќе опстане да живее и понатаму, или ќе го снема. Американците, во својата надмена арогантност, ја имаат потценето жилавоста на Виетнамците и нивната решеност да се борат до последен човек.

Американските поделби

Како што војната се одвивала, така американското општество станувало се повеќе поделено. Меѓу жестоките противници на војната били и поранешниот американски секретар, Џим Кери,  во тоа време млад човек, штотуку вратен од Виетнам.

“Можевме да се вратиме во оваа земја, да си седиме мирни, да молчиме, да не кажуваме што се случуваше во Виетнам, но бидејќи чувствуваме дека не црвените, туку злосторствата што ги вршиме ние, е она што е закана за оваа земја, заради тоа мораме да го дигнеме својот глас” 

– има речено Џон Кери во еден свој говор што го одржал во Сенатот на САД во 1971.

На другата страна, меѓу “јастребите на војната”, посебно место зазема американскиот претседател Линдон Џонсон (1963-68), познат по суровиот каубојски однос, надуено его, апсолутна нетрпеливост кон поинакви мислења, и неверојатната вулгарност. Кога некој од неговиот кабинет почнал да зборува помирливо за Виетнам, Џонсон презриво одвратил: “на овој му треба да клекне за да моча”. Сепак, најпозната изрека на Џонсон која до крај го отсликува неговиот однос кон потчинетите:

“Јас сакам лојалност. Сакам среде бел ден, сред чаршија, да ми го бакне газот и да рече дека мириса на рози”.

Линдон Џонсон не се кандидирал за втор мандат. Војната во Виетнам е главна причина за неговиот политички дебакл.

 

Џонсоновиот третман

Денес можеме, и потребно е да го поставиме прашањето: кои се лекциите научени од Виетнам? Што е сменето во американската политика?

На прв поглед, не многу. Арогантноста и заканите со бомби се неразделни од американската надворешна политика. Менталниот склоп на Линдон Џонсон е сеуште присутен. За да се сфати овој ментален склоп, ќе бидат потребни уште две вистинити приказни од времето на неговото претседателствување.

Во една прилика, кога човек од обезбедувањето застанал да му ја отвори вратата од автомобилот, поднапиениот Џонсон започнал да уринира врз него.

“Господине претседателе, ми мочате врз ногата” – рекол агентот.

“Такви ми се прерогативите” – му одговорил Џонсон.

Линдон Џонсон бил обземен од големината на неговиот полов орган. На повеќе пати во претседателската палата им го покажувал на вработените зборувајќи им: “сте виделе ли волкав досега?” Еднаш тоа го направил и пред новинарите на конференција за печатот. Кога некој му поставил прашање зошто војува во Виетнам, Џонсон го откопчал шлицот, го извадил патлакот и му рекол: “еве затоа”.

Линдон Џонсон најверојатно со право го заслужил епитетот “највулгарниот претседател во историјата на САД”. Денес никој не оди во толкави крајности. Но, и покрај сегашната рафинирана форма, начинот на размислување којшто ја сочинува основата на неговиот арогантен однос сеуште е присутен. Правото без никаков респект да уринираат врз оние под себе, еден добар дел од високите функционери на американската администрација сеуште го сметаат како прерогатив на најмоќната земја на светот..

 

Но, промените доаѓаат на друг начин, од друга страна.

Владимир Владимирович Путин е феномен со кој стилот на американската политика зацртан со Линдон Џонсон не е навикнат и не знае како да се пребори со него. Вистински шок им е когс некој, од кого очекуваат со подвиткана кичма да дојде на бацирака и да се им поклони, ладнокрвно и без многу вознемиреност им одговора: “Гаќите ви се пожолтени. Одете измијте се. А ако пак мислите да ми се заканувате со бомби, подготвен сум, ве чекам. Дојдете да си ги измериме”.

Во повеќевековната историја на руско-британското (денес руско-американско) соперништво, вакво нешто не се има случено. Русија била моќна империја, но секогаш, во клучните историски моменти, одлуките ги донесувала со страв од британската, односно американската уште поголема моќ и воена сила.

Во 1878, и покрај тоа што отоманската армија била разбиена, командантот на руската армија Николај Николаевич, не се осмелил да влезе во небранетиот Константинопол. Рускиот цар Александар II се повлекол пред притисоците, и допуштил Балканот да биде прекроен на Берлинскиот конгрес. И едниот и другиот биле исплашени од воените закани на Дизраели.

Во 1949, движењето на антифашистичкиот отпор во Грција било војнички уништено и голем дел од населението бил прогонет од државата. Победата на ретроградните сили била обезбедена со американски пари, под американска команда,  и со американски бомбардери и напалм. Сталин го допуштил тоа. Не се ни обидел да помогне. Не затоа што така сакал, туку затоа што бил исплашен од американското нуклеарно оружје и од нападите на американската авијација во Владивосток и  Камчатка.

Во 1999 Јелцин можел само немо да го посматра варварското бомбардирање на Србија. Бил бессилен да направи било што.

Денес, со Путин, правилата на играта се сменети, и тоа драстично. По се изгледа еднаш за секогаш. Америка и Британија очигледно не можат да го поднесат тоа. Антируската хистерија во овие две земји е веќе на границата на лудило.

Во овој контекст треба да се посматра и руската опомена кон Македонија. Не е тешко да се предвиди како ќе се одвиваат настаните во блиска иднина.

САД и Британија ќе продолжат да го бараат решението на непријатната ситуација на единствениот начин кој го знаат. Покажување сила, закани, уцени и пропагандна војна. Русија пак, водена од сигурната рака на Путин, уште посилно ќе им покажува заби.

Формалното приклучување на Македонија кон американско-британскиот блок ќе значи и обврска да се учествува во војната против Русија, со економски санкции на сопствена штета, со пропаганда и се друго што ќе и биде наложено. Согласно со третиот закон на Њутон, ќе мора да го почувствуваме и противдејството на Русија.

Да се рече дека изборот е целосно наш, значи да се оди малку предалеку. Русија, во моментот на слабост, се има повлечено од Балканот; колонијалната идеологија на САД и Британија ја брои оваа територија како окупирана и целосно потчинета зона.

Денес нема оправдување дури ни да се помисли да постапиме како Црна Гора во 1914, и во име на братството со Русија да и објавиме војна на една светска сила. Времето на романтично себежртвување, слично на она што го направила четата бугарски доброволци во битката на Ножот во 1907 година е зад нас; сегашнот момент бара од нас да бидеме свесни дека можеме, сме во состојба и имаме сила да направиме повеќе од тоа.

 

Да се биде или не

Прашањето на името е точка во која на македонска почва се прекршуваат двата спротивни американски концепти: на една страна човечноста на младиот Џон Кери; на друга страна, социопатската нарцисоидност на Линдон Џонсон. Судирот меѓу приврзаниците на едната и другата идеологија е жесток, бидејќи не постои средина, не постои сива зона меѓу едното и другото.

Грчката приказна за тоа дека “лажниот концепт за македонска нација е иредентистички напад врз територијалниот интегритет на Грција” е само подизмазнета форма на нацистичката идеологија од времето на Јоргос Пападопулос. Генерал Пападопулос, во време на војната соработник на окупационите сили, а по војната офцер на грчкото разузнавање и прв човек на ЦИА во Грција. Водач на хунтата која воспоставува воена диктатура во Грција во времето од 1969 до 1975. Прогонот, затворите и тортурите во времето на воената хунта бил насочен пред се кон “лево ориентираните”, во што спаѓа и правото некој да рече дека по народност не е Грк.

Документите денес се декласифицирани, не е никаква тајна дека тајната служба на Грција (а тоа значи и тероророт што државата го вршела врз Македонците) била под целосна контрола на ЦИА, дека таа служба била целосно финансирана од ЦИА, и не смеела да преземе ниеден чекор, вклучитолно и воениот удар во 1969, без согласност од САД.

Нашето најсилно оружје денес е тоа што можеме слободно и без страв да зборуваме за сето ова. Точно е дека могу нешта се сменети, дека Грција е ослободена од стегите на тоталитаризмот, од тајната полиција, мачилиштата и политичките прогони; но исто така, точно е дека Грција сеуште не е ослободена од стегите на фашистичката идеологија.

 

Пост скриптум

Додека ги пишував овие редови, разбрав дека лудилото ги има преминато границите на нормалното. Наци-фашистичката камарила квислинзи најмени да ја ни го пресечат гркланот дрско и отворено ни става на знаење дека нема да бира средства и нема да има милост кон никого. Да се зборува за хуманизам и принципи веќе нема никаков смисол.

Уште еднаш да ја повторам поентата на овој комнетар: уплавот од Русија и колаборационизмот со грчкиот фешистички етноцид се две страни на еден ист медал. Но, лудило и збеснатоста на домашните лајачи кои немаат друга алтернатива освен да крекаат дека реата од нужникот им мириса на рози, е алармантен симптом кој бара брза и одлучна акција. Да им се убризга серум, противотров, да бидат сместени на клиника со силно обезбедување за да се локализира заразата колку што е можно побрзо.

 

 

Leave a Reply