Деонтологијата на интелектуалецот и спорот околу името

 

 

 

 

 

 

Колумна на Нано Ружин

Целит текст можете да го прочитате тука

Деонтологија, односно должност да се делува согласно со моралот и законите, е звучниот збор одбран да привлече внимание преку насловот на оваа колумна. За жал, содржината е далеку од она што го најавува насловот. Ако очекувате филозофска расправа на тема моралот и етиката,  прескокнете го овој текст и барајте нешто друго.

Нано Ружин ја започнува анализата со тезата дека силата на интелектуалниот збор е кога не е подложен на политиката:

“интелектуалците се секогаш соочени со императивот: како да им дадат сила, моќ и убедливост на научните аргументи и идеи без да бидат вовлечени во полето на политиката и политичката игра”

… и завршува со спротивното, дека “морален долг” на интелектуалецот е да учествува во политиката:

“Интелектуалецот треба да оркестрира „со колективното истражување на новите форми на политичката акција“, да ги подржува визионерите и државниците, … активно и одговорно да учествува во „породувањето“ на евроатлантските вредности”

Нема контрадикторност во она што на при поглед личи како такво. Објаснението е едноставно:  првата теза на Нано Ружин се однесува на “интелектуалците” покрај Груевски, а втората – на оние покрај Заев. Каков ти е лидерот, таков си и ти. Толку за филозофската принципиелност на авторот.

Уште едно нешто не смее да остане без коментар. Во добрана на својата контрадикторност, Нано Ружин се обидува да ни протури една опасна теза:

“во одредени историски пресвртници, слободата на мислење има одредени деонтолошки ограничувања и интелектуална одговорност”

… со други зборови: во склад со моралот и етички исправно е, слободата на мислењето да се ограничи  когда се во прашање “возвишени вредности и цели на државата”.

Хитлер може вода да му носи.

 

Оценка: Бедно, сиромашно (еден летечки мајмун)

 

 

Leave a Reply